log in

НОВОСТИ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Новости

Во тек е изработка на Прекуграничен Здравствен Каталог, во рамки на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” Ref: СВ006.1.31.017

4 taЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија.

Во рамки на проектот, во тек е изработка на Прекуграничен Здравствен Каталог, кој ќе даде детален преглед на здравствениот сектор и здравствените услуги во Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Прекуграничниот Здравствен Каталог ќе биде изработен на три јазика, македонски, англиски и бугарски јазик. Сите заинтересирани јавни и приватни субјекти кои се дел од здравствениот сектор на овие два региони и сакаат да бидат дел од Прекуграничниот Здравствен Каталог можат пријават интерес со пополнување на Формулар за интерес може да се најде на веб страната на проектот www.cbhealth.eu.mkили формуларот пополнет да се испрати на е-маил: info@cbhealth.eu.mk.

Прекуграничниот Здравствен Каталог ќе биде официјално промовиран на двата настани Отворени Денови на здравството, што ќе се организираат во Штип, Македонија и Благоевград, Бугарија кои ќе се спроведат во текот на септември / октомври 2017 година.

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ ИПА 

 -

CCI 2014TC16I5CB006

ПРЕВЗЕМЕТЕ ФОРМУЛАР

Спроведени две обуки дел од “Програмата за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти“ во рамки на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство R

3 taСпроведени две обуки дел од “Програмата за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти“ во рамки на проектот

„Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравствоRef: СВ006.1.31.017

ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија..

Од 29-30 мај 2017 годинаЈЗУ Клиничка Болница, Штип и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград ја спроведоа првата дводневна обука дел од “Програмата за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти“ во рамки на проектот CBHealth во општина Благоевград, Бугарија и од 27-28 јуни 2017 година се спроведе и втората обука исто така дел од “Програмата за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти“во општина Штип, Македонија.

На двете спроведени обуки беа опфатени повеќе атрактивни теми, како што се: Однос "лекар-пациент", пациент и пристап кон пациентот, правни прописи и регулативи, права и обврски во процесот на лечење, согласно европското и бугарското законодавство со осврт кон македонската регулатива, степенот на усогласеност на европското и бугарското законодавство со осврт на макдонското законодавство, презентирани повеќе студии на случај "Грешки во текот и во врска со лекувањето”, етички аспекти на информирана согласност - добри практики, кардиологија, итна медицинска помош, уметноста да се лекува артериска хипертензија во контекст на неколку клинички студии, катетер реваскуларизација кај ИБС (вовед, индикации и иновативни правци и методи), нестабилната ангина - митови и вистини, инвазивни и терапевтска стратегија кај пациент со ОКС со ST-елевација, трендови и “Болести ОРЛ”, “здравство-вредности-промени”, гинекологија, правна рамка на судските и вонсудски начини за решавање на спорови и конфликти, медијација и клинички етички советувања и останати теми кои беа презентирани и дискутирани пред сите заинтересирани страни на двете реализирани обуки.

Во обуките учество зедоа над седумдесетина учесници од двата региони студенти на медицински факултет, млади доктори, специјализанти и останати претставници од здравниот сектор. Сите презентации од двете спроведени обуки може да се најдат на веб страната на проектот www.cbhealth.eu.mk.

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ ИПА 

 -

CCI 2014TC16I5CB006

 1 tri 2 tri 3 tri

Реализирани активности во рамки на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство Ref: СВ006.1.31.017

Objava2Проект:Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство REF: CB006.1.31.017

 

Дата: 13.07.2017

Јавната Здравствена Установа Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Во рамки на проектот реализирани се дел од активностите во правец за надминување на заедничките евидентни недостатоци кои се поврзани со моменталната состојба на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти.

На 28 март 2017 година, Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград оддржаа прва прес конференција за промоција на проектот CBHealth во општина Благоевград а на 08 април 2017 година се спроведе првата прес конференција за проектот во општина Штип, Македонија. Главна цел на двете прес конференции беше присутните гости детално да се запознаат со целта на проектот и да се запознаат со активностите предвидени во рамки на истиот. На двете прес конференции учество зедоа представници од здравствени институции во состав на двата региони, медиуми и останати заинтересирани страни.

На двете прес конференции свое обраќање за значењето на проектот имаа Д-р Саби Хаџиев, Претседател на управниот одбор на Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград, Д-р Александар Стојановски, Медицински Директор на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Мр. Елизабета Папарова, Организационен Директор на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Мр. Драгица Здравева, Раководител на Центар за развој на Источен плански регион, Д-р Ѓорѓи Георгиев, Директор на специјализираната болница за активно лекување по онкологија ”Свети Мина” Благоевград, Атанас Крнчев, Тим лидер на проектот и Александар Николов, координатор на проектот.

Ова е прв заеднички проект на Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград со вкупниот буџет на проектот од 116.925,66 евра. Подетални информации во ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, ул: Љубан Иванов бр. 25, Штип, Македонија, тел: 032 394 099, емаил: jzuobstip@yahoo.com.

     - КРАЈ –

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ ИПА

-

CCI 2014TC16I5CB006

ef: СВ006.1.31.017

 

 

3 BG

 

Унапредување на здравството во прекуграничниот регион помеѓу Македонија и Бугарија

Objava1Проект:

Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство

Ref: СВ006.1.31.017

Дата: 10.07.2017

Имплементација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на

прекуграничен кластер за здравствоRef: СВ006.1.31.017

Јавната Здравствена Установа Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Активностите во рамки на проектот се во правец за надминување на заедничките недостатоци во врска со состојбата на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти. Предвидена е реализација на слични активности со отворени можности за вмрежување и отворени дискусии за заедничките прашања и перспективи на здравствениот сектор. Проектот промовира соработка и иновативни практики за здравствена заштита во двата соседни региони, преку употреба на нови технологии, градење на капацитети, настани, размена на искуства и најдобри практики помеѓу медицинските лица од целниот регион.

Со поддршка на заеднички активности ќе се основа и ќе се стави во функција прекугранен кластер за здравство што ќе даде голем придонес во унапредувањето на соработката и спроведување на идни заеднички проекти со цел зајакнување на севкупниот економски и социјален развој на прекуграничниот регион.

Ова е прв заеднички проект на Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград со вкупниот буџет на проектот од 116.925,66 евра.

Подетални информации во ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, ул: Љубан Иванов бр. 25, Штип, Македонија, тел: 032 394 099, емаил: jzuobstip@yahoo.com.

- КРАЈ –

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ ИПА -

CCI 2014TC16I5CB006