log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Техномото

tehnomoto logo 

Улица: Бул.„Гоце Делчев“ ТЦ Македонија лок.18 Прилеп, Македонија
Телефон +389 (0) 48/435-652
Работно време
Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00
Сабота: 08:00 – 15:00
fb: https://www.facebook.com/Tehnomoto-prilep-1679096219044875/
web: http://tehnomoto.com.mk/mk/
E-mail tehno-moto@t-home.mk

      ОПИС                

Tехномото ДООЕЛ е приватна фирма основана во 1993 година, од Никола Петрески под името Лолиго Трејд.
Во истата година е променето името на фирмата во Техномото ДООЕЛ и истата е специјализирана за продажба на резервни делови и потрошни материјали за товарни моторни возила актуелни за тоа време и тој пазар како FAP,TAM, MB, Indos виљушкари и др. Во 1996 година компанијата ја проширува својата дејност и почнува со конфекционирање на високопритисни хидраулични црева со работен притисок до 450bar,
кои наоѓаат примена во индустријата за градежни машини и товарни моторни возила.
Во 2005 година сопственикот Никола Петрески му ја преотстапува фирмата на својот син, Филип Петрески,
кој ја проширува програмата со нови производи и резервни делови и истата се специјализира за продажба
на резервни делови за товарни возила од програмата на MAN, MB, SCANIA, VOLVO, DAF, BPW, SAF, ROR и др.
Фирмата воспоставува контакт со Smiter Germany и по нивна технологија и инструкции се произведуваат високо
квалитетни хидраулични црева со нивни приклучоци, наменети за македонскиот пазар. Набавките на резервни делови Техномото ДООЕЛ ги насочува кон високо реномирани фирми како што се Mahle и DPH од Германија, CEI,
Eurorikambi и Erevi од Италија, од каде се набавуваат високо квалитетни резервни делови кои наоѓаат примена
на македонскиот пазар. За вршење на својата дејност Техномото ДООЕЛ располага со деловен просор од 250м2 кој
се наоѓа во строгиот центар на градот Прилеп. Според податоците од минатите години, кои покажуваат пораст во
работењето на компанијата, зголемениот асортиман на стоки, количините на стоки, компанијата ќе го зголеми својот простор за работа за уште 300м2. Успешноста на компанијата се комплетира и со вработените кои имаат канцеларии опремени со најновите достигнувања во компјутерската технологија со која се постигнува стручност и ефикасност во работата и висока професионалност. За услугата да биде комплетна компанијата располага со доставни возила за испорака на стоката до сервисите и крајните купувачи, т.е. корисници. За квалитетот на деловите секогаш постои гаранција и сертификат кои се бараат од произведувачите на резервни делови.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Техномото

     МАПА                 

Печати