log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Амика

amika logo

Адреса: ул.Ленинова бр.16, Пробиштип, Македонија
Телефон: +389 32 481 999
Факс: +389 32 482 999
Мобилен: +389 70 368 468
Е-маил: amikadooel@yahoo.com

web

Работно време:
Пон - Пет од 07:00 до 14:30

      ОПИС                

ДПТУ “АМИКА” ДОО Пробиштип е трговско друштво за производство и услуги наменети за странската побарувачка.Неговата основна дејност е производство на горна женска облека наменета за странскиот пазар поточно Италија, Германија и Англија. Модната конфекција “АМИКА” е основана во Јуни 2003 година од страна на основачот Валериј Илиевски како управител на истата. Во почетокот имаше околу 40 вработени додека денес АМИКА брои 163 вработени лица. Седиштето на фирмата се наоѓа во централното градско подрачје на град Пробиштип со адреса на Ул. Ленинова бр. 16 Пробиштип.

Модната конфекција е сместена на површина од 1000 м2 деловен простор на кој ги извршува секојдневните работни задачи, и главната дејност производството. АМИКА располага со машински парк на машини од фирмите Jyki, Typical и Brother и  компјутерски систем со кој е опфатено целокупното работење.

Производството во МК АМИКА е организирано во неколку фази: 

  1. Кројница - овде во сопствена кројница се кројат и припремаат добиените материјали
  2. Производство - главната фаза во која се произведува готов производ

Производството е поделено во пет групи ( бригади ) со поставено одговорно лице на
секоја од групите.

Производството располага и со технички директор и раководител кој го контролира тековното производство на сите пет групи како и меѓуфазни пегларки кои исто така се вклучени во производниот процес.

Завршно пеглање – пеглање на готовите производи.

Контрола - во оваа фаза контролорките го контролираат готовиот производ пред да биде спакуван.

Пакување - готовиот производ кој поминал на контрола се пакува во ќесе или се дипли во зависност од барањата на купецот, и се означува со бренд етикета.

Испораката на готовите производи се врши на терминот кој предходно е договорен со купците.

Капацитетот на производство на МК “АМИКА” ДОО е околу 15 000 готови производи на месечно ниво.

Главната дејност на АМИКА ДОО е производство на горна женска облека од секаков вид на материјал наменета за странскиот пазар: Фустани; Сукњи; Кошули;

МК “АМИКА” работи преку свои агенти Окитекс -Скопје, Глобал – Скопје, ИНТ – Кочани и Нов Тренд – Штип. Купците се странски фирми од Германија, Италија и Англија.

“АМИКА” ДОО произведува за модните брендови:
“Max Mara” – Италија (Фустани, сукњи, кошули)
“Pinko” – Италија (Фустани, сукњи, кошули)
“Karl Lagerfeld” – Холандија (Фустани, сукњи, кошули)
“Drykorn” – Германија (Фустани, сукњи, кошули)
“Like a bird” – Германија (Фустани, сукњи, кошули)
“Marc Cain” – Германија (Фустани, сукњи, кошули)
“Willy Bogner” – Германија (Фустани, сукњи, кошули)
“Karpelle” – Англија (Фустани, сукњи, кошули)

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Амика

     МАПА                 

Печати