![]() |
Адреса: Христијан Тодоровски Карпош 2-в,1000, Скопје |
Друштвото Јиба Дооел Скопје е формирано уште далечната 1995 година од еден сопственик како фамилијарен бизнис за посредување во меѓународен транспорт и до ден денес постоиме како успешна компанија во оваа област, раководејќи и вложувајќи најголеми напори за успешна работа и соработка со голем број фирми од регионот.
Ние сме мала фирма со 6 вработени каде секој од нас е одговорен за различен дел од работата (изработка на фактури, сметководство, комуникација со шофери и договарање тури и цени, кореспонденција со странски фирми и преговарање).
Претежно го застапуваме и покриваме реонот на Бугарија (нашето примарно подрачје на работа), Србија, Грција, Романија, Косово, Албанија, а по потреба и во останатиот дел од Европа како Австрија или Унгарија. Главниот дел од нашата работа се состои во изнаоѓање на камиони за пренос на разни видови производи по барање на одреден клиент, а за таа цел се користат услугите на веќе постоечки партнери кои имаат сопствени камиони.