log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Далас Унион

dalasunion logo

Улица: Дебарца бр. 29, 1000 Скопје (во близина на Грчкиот конзулат)
тел. +389 2 3222981 тел/фах. +389 2 3238530
моб. +389 71 236243
email: dalasunion@gmail.com
info@dalasunion.com.mk
ДАЛАС УНИОН 2
Улица: киоск ул. Кеј 13-ти Ноември б.б. 1000 Скопје (Дрводекор - на кејот спроти Хотел Холидеј Ин)
тел. +389 2 3223767 тел/фах. +389 2 3238530
моб. +389 71 236244
email: dalasunion@gmail.com
info@dalasunion.com.mk

      ОПИС                

Туристичката Агенција “ Далас Унион “ постои веќе 22 години и поседува Лиценца “А” за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за економија на Република Македонија.Т.А Далас Унион има активно членство во Сојуз на Стопански комори на Македонија, Меѓународна асоцијации, член на ATAM (Aсоцијација на туристичките агенции на Македонија), член на Стопанската комора за Туризам на Република Македонија. Со свое учество во органите на управување, Т.А Далас Унион Турс е активна и во Туристичкиот сојуз на град Скопје, како и во Туристичкиот сојуз на Република Македонија.T.A Далас Унион е една од водечките туристички агенции во Република Македонија позната по професионалната услуга со користење на современи информатички технологии како и стручен и индивидуален пристап со клиентите. Соработката со голем број хотели, приватни изнајмувачи на приватно сместување и регионални туроператори насекаде во светот ја дополнува комплетноста на услугата и спремноста да се одговори на секое барање на клиенти. Секторот за организација на патувања и хотелски резервации во земјата, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и програми направени според желбата на групите и индивидуалците. Овој сектор обезбедува сервисни услуги за странски туристички групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија или балканскиот регион обезбедувајќи им хотелскo сместување, трансвери, разгледи, водичи и други услуги.
Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија. Организирани патувања низ Македонија, хотелско сместување, превоз, високо туристички автобуси и лиценцирани туристички водичи. Агенцијата има добра соработка со хотели, бањи и спа-центри во Македонија и во странство . Отворена е за потребите на корисниците, секако тука е и вклучена професионална услуга за координирање на странските туристи. Одделот за странски туризам работи со организирани екскурзии како и екскурзии прилагодени според барање на групи и поединци, индивидуални патувања со хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз. Меѓу другото агенцијата поседува и услуги за превоз со сопствени возила и возачи .Т.А Далас Унион поседува возила со различен капацитет високо-туристички минибус и автобус :Вип минибус Располагаме со Вип минибус „Iveco Deyli“ 18+1 седишта со DVD, mp3, LCD-монитор, клима, куфер за багаж…Aвтобус „Mercedes 350“ 49+2 седишта со DVD, mp3, LCD-монитор, фрижидер, кафемат, клима..Автобус „BOVA“ 59+2 седишта со DVD, mp3, TV, фрижидер, WI-FI (интернет) кафемат, клима…Покрај сопствени возила за посебни потреби на поголеми групи, може да се организираат преку 50 туристички автобуси, минибуси и комбиња за организиран превоз на патници.Нашиот деловен углед, професионалност, долгогодишно искуство, квалификуваноста и љубезност на нашите вработени, како и големиот број на задоволни клиенти се потврда за нашиот квалитет.Агенцијата Далас Унион Ви стои на располагање 24 часа, а има само едно мото- доверба без кое не би опстанала толку години . Постоиме и работиме за да ги оствариме вашите желби.
Со почит.
Ви благодариме на Вашата доверба !

    ГАЛЕРИЈА           

 

Далас Унион

     МАПА                 

Печати