![]() |
Адреса: ул.Јужноморавски Бригади 2/23, Скопје, Македонија Работно време: |
Перфект Чисто ДООЕЛ Скопје е компанија која е основана во далечната 1994 година и е една од првите компании во Македонија која се занимава со одржување на хигиена во деловни и станбени објекти како и чистење на секакви стакла – достапни, недостапни, високи, ниски...
Нашата компанија за постигнување на врвни резултати користи висококвалитетни професионални материјали и опрема, како и еколошки биоразградливи средства од врвни производители, со што водиме грижа за заштита на животната средина, согласно имплементираниот стандард ISO 14001.
Истотака Перфект Чисто ги поседува и следниве стандарди: ISO 9001 за квалитет, OHSAS 18001 за безбедност и здравје при работа.
За нашата успешност во нашата област говорат голем број на наши и странски компании со кои имаме долгогодишна соработка.
Перфект Чисто ги нуди следниве услуги:
- ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ГОЛЕМИ И МАЛИ ОБЈЕКТИ
- ЧИСТЕЊЕ НА СЕКАКВИ ВИДОВИ СТАКЛА (достапни и недостапни )
- ЧИСТЕЊЕ НА ТЕНДИ, НАСТРЕШНИЦИ И РОЛЕТНИ
- ЧИСТЕЊЕ НА СТАНОВИ
- ЧИСТЕЊЕ НА ТВРДИ И МЕКИ ПОДОВИ
- плочки
- мермер
- гранит
- теписи
- синтелон
- теписони