log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Хотел Бисер

hotel biser logo

Адреса: Калишта 6330, Струга, Македонија
Тел: +389 46 785700
Факс: +389 46 780404
Е-маил: info@hotelbiser.com.mk,reservation@hotelbiser.com.mk

web   fbfb   booking logo

      ОПИС                

Ако го погледнете Хотел Бисер од езерската шир, ќе останете фасцинирани од еден хармоничен спој од карпа и охридско - струшката архитектура. Ќе се запрашате дали ова го створила природата или е магија на човечкото битие? Во ова место се спојуваат духовното и световното благодарение на манастирот Св. Богородица и пештерската црква Св. Ѓорги од 13 век кои се во комплексот на хотелот. Заклучок кој ќе го донесете е дека пред Вас се наоѓа вистинскиот бисер на Oхридското крајбрежје.Од балконите од прекрасно уредените 79 соби и 5 апартмани погледнете го езерото и дозволете му на езерското пространство да предизвика кај Вас восхит и релаксација. Тука секое утро можете да го доживете изгрејсонцето над планината Галичица. Местоположбата на овој Хотел кој е во спрега со карпестиот дел вдахнува можност за максимален одмор и духовен мир.Ресторанот со капацитет од 450 места е поврзан со летна терасата. Спојот на карпата која се надвиснува над ресторанот облеана со спектар на бои и националниот ентериер го прават амбиентот за восхит. Тука можете да ги вкусите македонските специјалитети со поглед кон мирната шир на Oхридското езеро. Во комплексот на располагање Ви се прекрасно уредената песоклива плажа, урбано бетонската плажа, сплав плaжата и пристаништето. Тука можете да веслате кајак, да возите скутер или да патувате со велосипед по патеките на овој регион. За Вашиот идеален одмор биде целосен ќе се погрижат професионалните и љубезни членови на персоналот кој Ви стојат на располагање 24 часа.Денот кога го започнувате вашиот заеднички живот, погледнете далеку во иднината на сите годишни времиња кои ќе ги поминете заедно.Дозволете хотел Бисер да биде поќеток на Вашето заедничко патување.А кога вашите срца ќе бидат исполнети со детска љубов, не заборавајте дека најдобрите роденденски забави се кај нас.За помладата генерација и за оние кои се чувствуваат млади, хотелот нуди забава во сопствениот диско клуб кој е комплетно опремен со модерна аудио опрема и систем за осветлување.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Хотел Бисер

     МАПА                 

Печати