log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Виатор и Вектор

viatorvektor logo

Адреса: бул. АВНОЈ бр.74-б, Скопје, Македонија
Телефон Централа: +389 2 2454 061
+389 2 2454 062
Мобилен: +389 71 262 113
+389 71 262 133
факс: +389 2 2454 064
Е-маил: info@viator-vektor.mk

web   fbfb
Работно време:
Пон - Нед од 08:30 до 20:00

      ОПИС                

Виатор & Вектор д.о.о. Скопје е една од најстарите, водечки логистички компании во Македонија. Со 15 испостави на територијата на Македонија и 86 вработени со исклучително професионално искуство, Виатор & Вектор претставува доминантна компанија во областа на логистиката. Во своето портфолио компанијата нуди модерни логистички решенија во кои спаѓаат: царинско посредување, транзитна постапка, организација на транспорт, царинско складирање и дистрибуција.

Нашата компанија нуди ефикасна, оптимална и сигурна организација на сите видови на транспорт на било која релација во светот. Со годините искуство позади нас, го стекнавме и потребното знаење за справување со транспорт на секаков вид на стока по копнен, воден и воздушен пат.

Испораката на стоки е обезбедено од страна на сопствените капацитети и широка мрежа на партнери, преку патниот, железничкиот, авионскиот и поморскот транспорт.Испораката ги опфаќа сите видови на стоки, транспорт на помали пратки (брзи врата-до- врата испораки), превоз на контејнери, товар од исклучителни димензии и други товари кои имаат потреба специјални транспортни решенија.

Копнен превоз / Поморски превоз / Авионски превоз

Превоз на стока со модерна опрема

Сите возила во сопственост на Виатор & Вектор се опремени за транспорт на опасни материјали во согласност со Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни стоки во патниот сообраќај (ADR) и дополнително се опремени со најновата телекомуникациска технологија (GPS, GSM , SMS порака), што овозможува следење на локацијата и статусот на пратките во секое време.

Виатор и Вектор ДОО Скопје е прва шпедиција во просториите на поранешна Југославија, со 50 годишна традиција и искуство во работењето. Имаме развиено сопствена мрежа на испостави на целата територија на Република Македонија и тоа :

Испостави во внатрешноста:

• Терминал Скопје, Аеродром Александар Велики
• Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија, Струмица, Штип, Струга, Делчево и Кавадарци

Гранични испостави:

• Табановце, Ново Село, Кафасан, Богородица и Делчево

Тоа овозмозува навремено,брзо и квалитетно организирање на царинското посредување при увоз,извоз и транзит на стока. За таа цел ги поседуваме и сите потребни банкарски гаранции: за одложено плакање на царина и ДДВ, гаранција за привремен увоз , како и гаранција за обавување на транзитни стоки и тоа за секој вид на стока (акцизни-цигари, алкохол, нафта и нафтени деривати ....)

Преку нашиот доминатен сопственик Скупина Виатор и Вектор Љубљана Словенија застапени сме и во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина,Чешка и Романија, а со тоа и можноста за нудење на дополнителни логистички услуги и на овие простори.

Стручноста на вработените е потврдена со 38-те лиценци издадени од Царинска Управа на Р.Македонија,врз база на успешно положениот испит за професионална компететност.

• Царинско складирање - складирање на секаков вид на стока

• Привремено чување – збирно складирање на секаков вид на стока

• Поедноставени постапки во транзит – прием и испорака на стока во и од нашиот склад
секој ден од 08:30 до 20:00 часот.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Виатор и Вектор

     МАПА                 

Печати