![]() |
адреса: Борис Трајковски 314, 1000 Скопје Македонија Tel: +389 (0)2 2785900; 2785915 Fax: 2785927 E-mail: batodivajn@batodivajn.com www.batodivajn.com |
БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии.
Како проевропски конфигурирана full - service графичка компанија, специјализирана за индустриско производство, БАТО & ДИВАЈН успешно ги задоволува потребите на пазарот на Југоисточна Европа веќе 20 години, преку интегрираните сегменти за:
• Графички ДИЗАЈН и подготовка на припреми за печатење
• Offset ПЕЧАТЕЊЕ [ изработка на флаери, брошури, каталози, книги, постери, кеси, картонска амбалажа, етикети, налепници, корпоративни материјали]
• Flexo ПЕЧАТЕЊЕ [изработка на разни видови етикети на ролна, wrap around етикети, shrink sleeve, разни типови алуминиумски и блистер фолии за фармацевтска индустрија и други типови фолии]
• БЕЗБЕДНОСЕН печат [изработка на сигурносни производи, ваучери, полиси, бандероли, картички за превоз, дипломи]
• BILLING решенија [изработка на сметки и други персонализирани материјали]
• ДОРАБОТКА [post press]
Постојано водиме грижа сé што создаваме, секогаш да носи дополнителна вредност за нашите клиенти. Оттука, континуираното инвестирање во водечките технологии, примената на технолошки иновации и know - how, надополнети со долгогодишната експертиза во индустријата, овозможуваат:
• Секогаш врвна услуга во согласност со највисоките деловни стандарди
• Реализација на најкомплексните барања од идеја до финален производ
• Конзистентна изработка на разновидно портфолио на висококвалитетни печатени производи
• Градење и одржување на долгорочни, партнерски релации со клиентите базирани на доверба
Бидејќи, веруваме дека нашите клиенти секогаш го заслужуваат единствено најдоброто, во најкус рок и по конкурентна цена. Посветеностa до совршенство во достигнување на недостижнотo за надминување на очекувањата на клиентите – тоа е тајната на нашиот успех.
Избирајќи да бидете уникатни, во оставањето на уникатен впечаток, вашата одлука е потврдена.