log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Аспекти - Гешталт центар "Младен Костиќ"

aspekti logo


Tелефон: 071 878706
               070 360432
Адреса: Majka Teреза 44 (поранешна ул. Водњанска), Скопје, Р. Македонија
Е-mail: aspekti@live.com
web: www.aspekti.mk

      ОПИС                

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР "Младен Костиќ"- АСПЕКТИ од Скопје е Тренинг институт акредитиран од ЕАГТ (Европска акредитација за Гешталт терапија)
и се занимаваме со:
СОВЕТУВАЊЕ, ПСИХОТЕРАПИЈАТА, ПСИХОДИЈАГНОСТИКА, ЕДУКАЦИЈА и ТРЕНИНГ на возрасни лица како и обуки и тестирање во КОМПАНИИ и ОРГАНИЗАЦИИ.
Психо-социјалната поддршка се одвива низ:
- Индивидуални средби со психотерапевт
- Искуствени групи за личен раст и развој
- Едукативни групи за одредени животни теми
- Гешталт тренинг за советување и психотерапија
- Обуки во компании
Кога се доживувате СЕБЕ СИ како неуспешни, несигурни, неодлучни, неефикасни или со чувство на помала вредност. Ако имате проблеми поради нарушена КОМУНИКАЦИЈА со средината (семејството, родителите, партнерски, на работа, со пријателите), при ТРАУМА, СТРЕС, и стресни ситуации со кои тешко се справувате, ПОСТТРАУМАТИЧНИ СОСОТОЈБИ, СТРАВ (разни видови стравови), ДЕПРЕСИВНА состојба, ТАГА, ПСИХОСОМАТСКИ СИМПТОМИ (главоболка, гушење, болки во стомак, вознемиреност, напнатост, несоница и др.), анксиоазност и ПАНИЧНИ СОСТОЈБИ. Работа на СОНОВИ.Психотерапијата ги третира проблемите на животот како составен дел на секојдневјето. Наменета е и за здрави луѓе со потешкотии. ДЕЦА, МЛАДИ, ВОЗРАСНИ, ВРАБОТЕНИ, СПОРТИСТИ, СТАРИ, БОЛНИ и лица во рехабилитација за психичко зајакнување и враќање во рамнотежа на организамот. Кои услуги ги опфаќа Програмата за психо-социјалната поддршка во организации и компании?
1. Индивидуална советодавна и психотераписка работа со вработените кои имаат одредени работни или семејни проблеми со што се загрозува нивното работно ангажирање. Проблеми кои ќе бидат во фокусот на индивидуалната работа се:
- Eмоционални проблеми ( вознемиреност, грижи, стравови, панични напади, фобии, депресија ),
- Намалена мотивација и проблеми во донесување на одлуки и поставување на приоритети,
- Семејни проблеми ( брачна и партнерска криза, развод, проблеми околу воспитување на децата, загуба или босест на блиска особа,
- Превенција и намалување на последиците од стрес, развојни и животни кризи.
2. Психолошки тренинзи и работилници:
- Развивање на комуникациски и социјални вештини
- Конструктивно решавање на конфликти
- Стрес менаџмент
- Асертивен тренинг
- Личен раст и развој
3. Тим билдинг специјално дизајниран според потребите и барањата на компанијата.
Кои се причините за воведување на Програмата за психо-социјална подршка?
1. Мотивација и зголемување на работната ефикасност на вработените
2. Намалување на симптомите на стрес кај вработените
3. Намалување на отсуствата од работа и боледувањата
4. Подобрување на квалитетот на маѓучовечките односи
5. Подобра работна атмосфера и зголемена лојалност на вработените
Што добивате за себе?
Зголемена СВЕСНОСТ за себе и своите потенцијали. Прифаќање на себе и сопствената реалност. Донесување ОДЛУКИ, превземање ОДГОВОРНОСТ и контрола врз својот живот. Стекнување нови и креативни начини, за КОМУНИКАЦИЈА со другите. САМОДОВЕРБА, САМОПОЧИТУВАЊЕ, САМОПОДРШКА зголемена СИГУРНОСТ ВО СЕБЕ.
Крајната цел е: МОЖНОСТ ДА НАУЧИТЕ КАКО САМИ ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ЖИВОТНИТЕ ПРОБЛЕМИ.
Стручен тим:
М-р Снежана Андреева, кл.психолог, психотерапевт, тренер, менаџер за човечки ресурси, супервизор: тел: 071 87 87 06 / 070 360 432
Лидија Попчева, психолог, психотерапевт, тренер, супервизор: тел: 070 27 35 35
М-р Радмила, кл.психолог, психотерапевт, тренер, супервизор: тел: 075 47 46 26
Е-mail: aspekti@live.com
www.aspekti.mk

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Аспекти - Гешталт центар "Младен Костиќ"

     МАПА                 

Печати