![]() |
E-mail: office@marand.com.mk Телефон: 071212545 Адреса: Бул.Јане Сандански бр.64/3-2, Скопје |
Маранд Консултанти е финансиско консултантска фирма, основана во 2006 година и лоцирана во Скопје. Тимот на Маранд се состои од млади луѓе, експерти во домените на даночно советување, финансиски анализи и електронско сметководство. Како неразделив дел, акцентот го имаат консултативните услуги кои се непрекинливо поврзани со бизнис и менаџмент советувањето, домените на HR како и outsourcing.
Подолу е краткиот преглед на услугите кои се засновни на интернационален квалитет и локална експертиза:
1. Даночно советување – одговор на сите прашања поврзани со обврските за плаќање на ДДВ, права за поврат на ДДВ, најлесниот и најевтиниот начин за пренос на капиталот кога субјектот е странско правно лице, термините и начинот на поднесување на даночните пријави
2. Финансиски анализи – изработка на сите финансиски извештаи поврзани со паричните текови, анализа на трошоци, преглед на основни средства, подготовка и поднесување на сите периодични форми, согласно законите на државните и даночните институции
3. Електронско сметководство – сите функции на секојдневно евидентирање, менаџмент на влезни и излезни документи, cloud достапни во секое време
4. Целосна HR администрација и подготовка на плата – комплетна пресметка
5. Основање на бизнис – целосна подршка при основање на нов бизнис, отворање на нова компанија
Како дел од финансикиот свет, нашата визија е насочена кон комплетно електронска обработка на податоците и пренесување на прецизно точни информации во најкраток временски рок.
Маранд Консултанти е место каде услугата значи доверба.