log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Видмар Компани

vidmar logo

Адреса: Кеј 13 Ноември (ГТЦ)" Кат1. Лок.5, Скопје, Македонија
Мобилен: +389 78 222 088
               +389 78 821 112
               +389 78 821 114
Е-маил: vangelica.vidmar@gmail.com

web   fbfb   Работно време:
 Пон - Пет од 09:00 до 17:00

      ОПИС                

ВИДМАР КОМПАНИ
Нашето работење првенствено е ориентирано на градење на долгорочни деловни односи со нашите клиенти, стекнување на потполна доверба и меѓусебно разбирање на партнерска основа. Нашата посветеност кон решавање на проблемите без разлика на нивната сложеност, постојано учење и усовршување на знаењето и способностите има за цел да станеме идеален партнер за подршка и унапредување на работата на нашите клиенти.

За исполнување на зацртаните цели од нашите вработени бараме исполнување на неколку принципи и тоа: стручност, љубезност, точност и информираност. Меѓутоа, сметаме дека не е доволно само ние да бидеме информирани , туку дека исто толку е важна и информираноста на нашите клиенти. Со цел потребните информации да дојдат до нив, на ова место ќе бидат презентирани написи посветени на актуелните стопански, сметководствени , даночни и правни теми.

Основниот приод на работењето на Видмар Компани е максималната одговорност кон клиентот, што овозможува не само услуга со најголем можен степен на квалитет, туку можност во Видмар Компани да се здобиете со свој постојан деловен советник.

Својата цел - Вашето поуспешно работење, Видмар Компани ја постигнува преку реализацијата на индивидуалниот консултации.

Услуги
СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ
Вам Ви е потребно ажурно и точно евидентирање на сметководтсвените настани, нивно систематизирање во вид на финансиски извештаи кои се дистрибуираат до сите заинтересирани учесници во работењето: менаџери, банки, инвеститори, ограни на државна администрација и други. Објективни финансиските извештаии Ви се неопходни во процесот на донесување на значајни одлуки за планирање на работењето и за развојот на Вашето друштво. Ако се стремите кон сигурно, точно и законско работење Вам ви е потребен професионален, докажан и искусен сметководител. ВИДМАР КОМПАНИ ги пружа следните услуги:

финансово и материјално сметководство
пресметка на даноци
благајна
пресметка на плати
евиденција на основни средства
извештаи согласно домашна регулатива
финансиски извештаи во согласност со МСФИ, МСФИ за МСЕ

КОСАЛТИНГ УСЛУГИ
Нудиме посебна можност компаниите кои сакаат да го унапредат своето финансиско работење и да бидат во чекор со сите промени во даночното законодавство и финансиското известување:

Консултации за организација,
Даночен и финансиски консалтинг
Финансиска анализа
Воспоставување на процедури во работењето
Воспоставување и организација на финансиско-сметководствениот сектор
Посредување во избор на човечки ресурси во финансиската област
Управување со ризици
Изработка на интерни акти: сметководствени политики, организација на човечки ресурси, правилник за работа, правилник за попис
Совети при основање и инвестирање
Совети за оптимализација на трошоци

АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ
Коресподенцијата со Ценрален регистар, УЈП, банки, општина, агенција за вработување, фондот за здравством... можеме да ја извршуваме за Вас, брзо и професионално

основање на друштво
измена на договорот за основање (промена на седиште, основач, основачки влог,назив на фирма, отварање подружница...)
пријава и одјава на вработени
плаќање даноци и други налози
днесување документи во УЈП, банка...
барање за издавање бонитет
отварање или промена на жиро сметка
пријава-одјава на даночен обврзник
пријава на недвижен имот
промена на даночна картичка
промена во Агенција за вработување

ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ
Бизнис план е наменет за претприемачите да видат дали тоа е достоен за тие планирани акција и инвеститорите да си видат како на ризикот од инвестирање во бизнис потфат.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Видмар Компани

     МАПА                 

Печати