log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Деконс Ема

logo 2

Адреса: бул.Митрополит Теодосиј Гологанов 44/1/4, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3246 402
Е-маил: office@ema.com.mk

web  fbfb  
Работно време:
Пон - Пет
08:30 до 16:30

      ОПИС                

Основана во 2007, ДЕКОНС EMA (Друштвото за еколошки консалтинг-Environmental ManagementAssociates) е компанија за менаџмент и консалтинг од областа на животната средина,лоцирана во Скопје, Македонија. Нејзиното основање е резултат на континуираната работа и напори на неколку локални и меѓународни експерти, за подобрување на условите во животната средина, како во Република Македонија, така и во Балканскиот регион. Главната идеја беше да се креира мрежа од национални и меѓународни експерти, кои работат во регионот на Балканот и пошироко, заради обезбедување на веродостојна и со висок квалитет експертиза.

ДЕКОНС ЕМА се состои од мал, но силен, компетентен и квалификуван тим на експерти и мрежа од 100 дополнителни експерти со кои хонорарно соработува. Постојаната едукација и стекнување на нови знаења и експертизи е наша определба, докажана преку поседување сертификати за овластени ОВЖС, СОЖС експерти, управители со отпад и проценка на штети во животната средина. Безбедноста и здравјето при работа е област во која Компанијата стекна овластување за работа и значително искуство.   Со инкорпорирање на меѓународното и локалното искуство и експертиза, ДЕКОНС ЕМА соодветно е позиционирана, за да ги лоцира и да одговори на барањата на своите клиенти, овозможувајќи им при тоа, начин на  работа кој е поволен за животната средина, зголемување на мрежата на соработници и добивање на значителни и конкурентни резултати од работењето.

ДЕКОНС ЕМА гради долгорочни професионални релации со претпријатија од различен ранг, имајќи го при тоа, својот кодекс на непристрасност, професионалност и веродостојност, како гаранција за подобрувањето на бизнис перформансите на своите клиенти. Покрај ова, професионалните и високо квалитетни услуги истотака, се однесуваат и на работата со институциите.

Нашето континуирано усвојување на нови знаења, програми, иницијативи, активности и процедури, кои се сметаат за водечки во работата во областа на животната средина и безбедност и здравје при работа, се во согласност со националното и законодавството на ЕУ и им обезбедуваат високи резултати на нашите клиенти. Во своето работење користиме познати, најефективни и потврдени методологии на работа.

МИСИЈАТА на Друштвото за еколошки консалтинг „ДЕКОНС-ЕМА“ се состои во препознавање и разбирање на потребите на клиентот, висока посветеност кон поставената задача, како и задоволување на очекувањата на клиентот.

Потпирајќи се на своите компетитивни, високо квалификувани меѓународни експерти, како и усвојувањето на нови системи за проект менаџмент и контрола на квалитетот, ДЕКОНС-ЕМА  е подготвувена за интрегрирање на светскиот пазар и учество во комплексни меѓународни проекти.         

УСЛУГИ
-Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС)
-Оцената на влијанието врз животната средина (ОВЖС)
-Елаборат за заштита на животната средина
-Интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ)
-Одговорност за штета предизвикана врз животната средина
-Управувањето со отпадот
-Подготовка на стратешки и плански документи
-Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП)
-Програма за управување со бучавата со акционен план
-Безбедноста и здравјето при работа

За вршење на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа, Секторот за безбедност и здравје при работа, ги нуди следниве услуги:

-Подготовка на проценка на ризик на работно место;
-Подготовка на концепт на Изјава за безбедност;
-Подготовка на програми и спроведување на обуки на вработените за безбедност и здравје при работа;
-Подготовка на План за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта;
-Консултантски услуги од Стручно лице за безбедност при работа.

Стручниот тим на Секторот за безбедност и здравје при работа, досега успешно ги реализира следниве документи од областа на заштита при работа.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Деконс Ема

     МАПА                 

Печати