log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Еуромак Контрол

euromakkontrol logo

Aдреса: ул.Стогово бр.13А, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3124 322
Mобилен: +389 71 330 536
Е-маил: mail@euromakkontrol.com

web   fbfb  

      ОПИС                

Еуромак-Контрол е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет и консалтинг. Еуромак-Контрол е прва консултантска фирма во Македонија сертифицирана согласно барањата на стандардите ISO 9001:2008 (Q-363/2001-05-30) и ISO 14001:2004 (Е-325/2009-02-18) и акредитирано инспекциско тело од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија за контрола на квалитет и квантитет на стоки. Еуромак-Контрол нуди врвен квалитет и брзина при реализација на услугите, конкурентни цени, објективност и непристрасност.  Како резултат на таквото наше работење Еуромак-Контрол има успешна соработка со многу видни компании (мали и големи), институции и лаборатории како и со државни тела.  Мисијата на Еуромак-Контрол е да нуди препознатлив квалитет на услугите, во бараниот рок да ги исполни барањата и очекувањата на корисниците на услугите и со тоа да ги доближи до европските стандарди на живеење како и да го заштити здравјето на потрошувачите. Уверени сме, дека услугите кои ги нудиме се од интерес за работењето и на вашата организација. Ве покануваме да не контактирате за да дознаете како да ги искористите нашите искуства  и знаења за унапредување на работењето на вашата организација.

Консултантски услуги кои ги врши Еуромак-Контрол се:

-имплементација на стандардот ISO 9001:2008 - Систем за управување со Квалитет;
-имплементација на стандардот ISO 14001:2004 - Систем за управување со Животната средина;
-имплементација на стандардот ISO 17025:2005 - Акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање;
-имплементација на стандардот OHSAS 18001:2007 - Систем за управување со здравје и безбедноста при работа;
-имплементација на стандардот ISO 22000:2005 - Систем за производство на безбедна храна согласно барањата на ;
-имплементација на HACCP - Систем за анализа на опасности и критични контролни точки;
-подготовка на техничка документација за добивање на Интегрирана еколошка дозвола (IPPC);
-подготовка на техничка документација за добивање на CE знак;
-стручна помош при избор на меѓународно акредитирани организации за сертификација на ISO стандарди , CE знак, Global Gap;

Еуромак-Контрол е специјализирана за сите видови контроли со договорен квалитет и контроли согласно овластувањето од Министерство за Економија за вршење на контрола на квалитет на земјоделските производи и прехранбените производи во надворешно трговскиот промет и во склад со домашните и меѓународните стандарди  врши квалитативна и квантитативна контрола на:

-прехрамбени производи
-хемиски производи
-текстилни производи
-нафта и нафтени деривати

Еуромак-Контрол врши мерења на:

-бучава
-вибрации
-испитување на гасови
-испитување на отпадни води и согласно овластувањето од Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање за стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природа, Решение бр.07-1728/1

Изработува еколошко-технолошки елаборати вклучувајќи:

-Еколошки елаборати
-Проценка на влијанието врз животната средина
-Предлог мерки (идејно решение со анализа)

Испитувањата и консалтингот се вршат од страна на 10 постојано вработени и технички високообразовани лица со меѓународни обуки и искуство во контролата на квалитетот и квантитетот на стоки и консалтинг при имплементација на меѓународни стандарди. Сите испитувања кои ги врши Еуромак-Контрол се вршат согласно MKC - Стандарди, ISO Стандарди, ASTM Стандарди, DI Стандарди.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Еуромак Контрол

     МАПА                 

Печати