Logo

Галоп-ДВ

galopdv logo

Aдреса: ул.9-ти Мај бр.18 лок.1, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3121 445
               +389 2 3119 699
Мобилен: +389 70 340 468
E-маил: goran@galopdv.com.mk

web

      ОПИС                

Историја

Компанијата е основана во 1994 година, со 100% приватен капитал. Од основањето до сега компанијата покажува позитивни резултати во работењето и константен тренд на раст. На македонскиот пазар нуди сметководствени и консалтинг услуги за домашните и странските клиенти.

Портфолио

Компанијата низ годините, од своето основање до денес, соработува со голем број компании, домашни и странски, кој опстојуваат долго време на македонскиот и меѓународниот пазар. Листа на некои од нашите клиенти:
-Алумил (Грција)
-Аспект (Македонија)
-Брамак (Австрија)
-Бел Гетвеј (Романија)
-Гди Гисдата (Хрватска)
-Ипсос (Франција)
-Џонсон Контролс (САД)
-Југоекспорт Стил (Македонија)
-Маклеасе (Македонија)
-Марек Инженеринг (Македонија)
-Политехна (Македонија)
-Синтек (Македонија)
-Тетрактис (Македонија)
-Текурила (Финска)
-Жито (Словенија)

Мисија

Врз основа на високите етички и професионални вредности да растеме во високо профитабилна компанија која ќе работи за интересите на клиентите, снабдувајки ги со широк спектар на услуги во областа на сметководството и консалтингот.

Визија

Визијата на компанијата е континуиран раст на долг рок, преку проширување на услугите за домашните и меѓународните клиенти.


Вредности

Вредностите ги отсликуваат нашите замисли за деловното работење кои ги градиме со нашите вработени, клиенти и останатати соработници. Тие вредности се нашата култура и начин на спроведување на нашата визија.
-Традиција
-Доверба
-Посветеност
-Иновативност
-Тимска работа


Книговодство
Галоп ДВ ги извршува сите книговодствени услуги, поврзани со административното и книговодственото едидентирање на настаните и финансиските трансакции.

Финансиско известување
Галоп ДВ ги подготвува сите финансиски извештаи за своите клиенти според МСФИ (меѓународните стандарди за финансиското известување).

Финансиско планирање
Со цел посигурни бизнис постапки во иднина, Галоп ДВ изготвува планови за работење во иднина, на краток, среден и долг рок.

Плата
Пресметката на бруто плата во Р. Македонија е законска обврска, којa е регулирана со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Правилник за начинот на пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување.
Галоп ДВ за своите клиенти изработува рекапитулар на платени придонеси за социјално осигурување, исплатни листи по вработени, анализа на трошокот за нето платите и регистрација/дерегистрација на вработените во државните институции.

Данок
Даночната регулатива за водење на бизнис во Р. Македонија претставува важна алка на синџирот со снабдување на информации за носење правилни и навремени одлуки. Пресметување на сите даноци (директни и индиректни) од работењето на компаниите и следење на даночните измени се услугите кои Галоп ДВ ги извршува за своите клиенти. За посложените правни случаи на клиентите им е на располагање правна консултантска компанија со која Галоп ДВ има долгогодишна успешна соработка.

Консалтинг
Врз основа на своето 18-годишно постоење и долгогодишното искуство Галоп ДВ има низа на успешни завршени проекти во кој бил ангажиран како консултант за имплементација и прилагодување на деловните системи на домашни и странски компании. Правење финансиски анализи, бизнис процесни архитектури и обезбедување на правните и економските прописи при превземање, основање и спојување на компании претставуваат дел од услугите кои Галоп ДВ ги обезбедува за своите клиенти.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk