![]() |
Адреса: ул.Призренска 22/50, Скопје, Македонија Работно време:
|
Денес “КОД ИНЖЕНЕРИНГ” се препознатлива по својата посветеност кон клиентите и обезбедување квалитетни производи и услуги и стручни совети од областа на електричното осветлување. Големата флексибилност на асортиманот на елементи за електрично осветлување, проектирањето и изведбата со светилки од сопствено производство, но и од светски производители (Disano – Италија, Minel Schreder – Германија, Faelluce – Италија ) овозможува клиентите на “КОД ИНЖЕНЕРИНГ” да се чувствуваат сигурни во однос на квалитетот, роковите на изведба и прифатливоста на цените. “КОД ИНЖЕНЕРИНГ” ги има имплементирано системот за квалитет ISO 9001, системот за заштита на животна средина ISO 14001 и системот за безбедност и заштита при работа OHSAS 18001.
Во моментов компанијата располага со капацитет за производство на повеќе од 100 столбови и над 200 светилки. Фирмата има машински парк од универзални стругови, глодалки, дупчалки, електрични апарати за заварување, преси, комби за превоз на материјали и товарен камион со манипулатор за теренска работа и специјални возила со дигалки за поправка на улично осветлување. Во вкупниот капацитет на бизнисот, производството зафаќа 60, а услугите 40 проценти. Фирмата го покрива македонскиот пазар и мал дел во Косово.
Деловна банка: Комерцијална Банка
Нашето мото од почетокот до денес останува:
Конструираме за да постои.
Осветлуваме за да трае вечно.
Дизајнираме за да го разубавиме просторот во кој живееме.