log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

КОРНИ

korni logo E-mail: kornidoo@gmail.com
WEB страна: www.korni.com.mk
FB страна: https://www.facebook.com/KorniKeramika/?fref=ts
Телефон: 02 2 785050 ; 02 2 785051
Адреса: Бул.Борис Трајковски Ул.1520 бр.8

      ОПИС                

Претпријатието "КОРНИ" од своето формирање во 1991 год. до денес израсна во фирма која е забележлива на македонскиот пазар по приозводите што ги нуди,а во добар дел и во комплетниот свој имиџ кој го поседува во редот на многуте фирми од истата бранша во Македонија. Годините зад нас се доволни за да се селектираат сериозни и квалитетни производители од чии асортимани "КОРНИ" ги презентира производите на македонскиот пазар. Во овој момент "КОРНИ" функционира во деловен простор и тоа цца 800 м2 изложбен салон,1200 м2 магацински простор и 400 м2 административен простор на локација:ул.“Борис Трајковски“ бр. 120, Скопје. Во асортиманот на керамички и гранитни плочки кои се нудат во продажниот салон на “Корни”, купувачите имаат можност да се сретнат со производите на Cifre, Elfos -Шпанија, Paradyz - Полска, Graniser - Турција (како континуирани програми во работењето), но и со многу други производители кои придонесуваат за уште пошаренолика и побогата понуда и задоволување на различните вкусови и дизајнерски можности. Продажниот асортиман е надополнет со санитарна опрема со висок квалитет(акрилни кади и туш кади,туш кабини и паравани со плексиглас и калено стакло,масажни системи за кади ,сауни,мебели з купатила,батерии, порцеланска санитарија-мијалници, моноблок системи..) од реномирани производители:Ravak - Чешка, Serel -Турција. "КОРНИ" располага со различни типови на лепаци,хидроизолации (стандардни, акрилни и епоксидни) маси за фугирање, силикони , специфични материјали за изведба на базени од производителите:Ardeks-Австрија, Огражден Микромикс - Македонија. За успесите на фирмата секако зборува и референтната листа на сработени објекти ширум Македонија, опремени со различни типови производи , при тоа внимавајќи на намената и стандардите кои треба истите да ги исполнат во својата понатамошна функција. Сите материјали што ги нуди "КОРНИ", располагаат со соодветни сертификати и атести, поткрепени со гаранции од производителите.

Повелете ве очекувамe!

    ГАЛЕРИЈА           

 

КОРНИ

     МАПА                 

Печати