log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Адвокат Андреев Ване

logo advokat ЛЕНИНОВА 14/1-35  ,2400,Струмица
Контакт телефон:034 327 767
E-mail:advokat_andreev@yahoo.com

      ОПИС                

Адвокатската канцеларија на Адвокат Андреев Ване Ви нуди комплетни правни услуги за Вашиот бизнис. Како full-service канцеларија, Адвокатската канцеларија на Адвокат Андреев Ване Ви овозможува вашето правно прашање да го насочите кон тим од правници со богато и разнолично искуство.
Г-динот Андреев Ване e истакнат и почитуван адвокат од Струмица, со 20 годишно искуство во практикување на правото. Со неговото истакнато долгогодишно искуство тој успешно обезбедува адвокатски и правни услуги во повеќе области на правото, следејќи ги секојдневните промени на правнита регулатива. Во текот на работењето има учествувано на многубројни обуки и семинари организирани од светски правни организации, при што се  има стекнато со големо меѓународно правно know – how искуство.
Во Адвокатската канцеларија работи добро обучен тим на правници, секој специјализиран во различна област, кој следејќи ги основните постулати на работење на основачот Адвокат Андреев Ване, е подготвен во секое време да одговори на секој правен предизвик.
Нашата основна мисија е задоволен и среќен клиент, кое нешто може да се постигне само со целосна и доследна примена на правото и посветено работење на интересите на клиентот, како и грижа за истиот.

Тимот на адвокати и помошници, адвокат Ване Андреев, адвокат Блажо Христов, адвокат Олгица Димовска и адвокат Надица Чаушевска, ви стои на располагање и може да биде ангажиран за секаков вид на правни прашања кои можат да се појават во деловното работање на вашата компанија, како и за проекти од најголеми размери.

Со цел на клиентите да им пружиме најдобро можно правно советување и застапување, се организираме во различни групи специјализирани во одделни области за кои секој адвокат поседува исклучителни знаења и вештини.
Адвокатската канцеларија на Адвокат Андреев Ване е посветена на давање на супериорна услуга на клиентите.
Како резултат на тоа, добивме репутација како канцеларија која на своите клиенти им го дава она што тие го ценат: високо-квалитетни правни услуги, брз одговор и практични решенија преку највисоко ниво на професионалност.
Тимот кој е дел од Адвокатската канцеларија на Адвокат Андреев Ване е силно заложен за остварување на овие цели.
Нашата мисија е да постигнеме искрена соработка со нашите клиенти, да ги разбереме нивните цели и да ги пресретнеме и надминеме нивните очекувања.
Ние работиме врз основа на следните приципи:
•    за нашите клиенти, работиме посветено, ќе им овозможиме највисоки правни услуги навремено, ефективно и ефикасно и ќе ги задржиме највисоките стандарди на професионален интегритет
•    за нашата канцеларија, поттикнуваме пријатно работно опкружување, врз основа на отворена комуникација и меѓусебно почитување, при што ќе ја охрабриме иницијативата, иновациите, тимската работа и лојалност.
•    За нашата заедница, ние ќе продолжиме со долгата традиција на ефективни правни услуги и лидерство.
ЦЕЛИ И ПРИНЦИПИ
•Клиентот на прво место
•Интегритет
•Доверливост
•Тимска работа
•Конструктивно и критичко размислување
•Решавање на проблемите
•Ефикасност
•Економичност

    ГАЛЕРИЈА           

 

Адвокат Андреев Ване

     МАПА                 

Печати