log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Норша

norsha logo1

Адреса: Антон Попов 7/2-6 (Огњан Прица), Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3221 798
Мобилен: +389 70 313 968
email: norsha@mail.com

Работно време:
Пон - Пет од 08:00 до 16:00

      ОПИС                

 

Друштвото за услуги НОРША ДООЕЛ Скопје е основано во февруари 2015 година како друштво за преведувачки услуги на следните јазични варијанти: судски преводи од англиски на македонски и обратно, како и литературни и технички преводи од англиски на македонски и обратно, шпански на македонски и обратно, чешки на македонски и обратно, англиски на шпански и обратно и чешки на англиски и обратно.

Листата на клиенти на НОРША е достапна по барање на имејл.

Во досегашната работа, дејноста на НОРША се специјализираше во вршење на технички преводи за најразлични домашни и странски субјекти, како и литературни преводи за многубројни издавачки куќи во Република Македонија. Преводите на НОРША беа финансирани од преведувачки проекти на Европската унија, Министерството за надворешни работи, култура и религија на Република Аргентина, Министерството за култура на Република Чешка, Министерството за надворешни работи и Министерството култура на Соединетите Мексикански Држави, Министерството за култура, образование и спорт на Кралството Шпанија, Исландскиот литературен центар, Советот за уметност на Нов Зеланд и Националната библиотека на Бразил. НОРША со своите преводи учествуваше и во капиталните литературни преведувачки проекти финансирани од Министерството за култура на Република Македонија.

Во галеријата е достапен мал преглед на делата преведени од страна на тимот на НОРША.

Од 2018 година НОРША почна да се занимава и со издавачка дејност. Нашите издавачки проекти кои ќе се реализираат во текот на 2019 година вклучуваат соработка со ирската издавачка куќа Evertype за издавање на најпознатото дело на Луис Карол, Алиса во земјата на чудата на кумановски дијалект и Алиса во светот на огледалото на аромански јазик. Во планот на работа на НОРША се вклучени и изданија кои ќе бидат финансирани од споменатите преведувачки проекти.

НОРША е отворена за соработка со сите правни и физички лица на кои им е потребен квалитетен и навремен превод согласно стандардот ЕН 15038 во споменатите јазични комбинации.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Норша

     МАПА                 

Печати