![]() |
Адреса: ул.Роза Луксембург бр.6 |
За нас
Поради потребата од глобална комуникација денес учењето на странски јазици е многу актуелно. Благодарение на големата мелодичност на јазикот и благодарение на целокупната слика што ја има Италија како земја на музиката, архитектурата, модата, земја на добрата храна и на врвните вина, во светот италијанскиот јазик се наоѓа на четврто место по изучуваност.
Училиштето Italianissimo е специјализирано за изучување на италијанскиот јазик и култура.
Слушателите стекнуваат знаење со помош на користење на најсовремени методи во наставата, литература, голем број на дидактички игри, аудио и видео материјали.
Малите групи и убавата и опуштена атмосфера која владее на часовите им овозможува на нашите слушатели полесно и поуспешно да го совладаат материјалот.
На крајот од секој семестар се врши писмено и усно тестирање на сите слушатели.
Курсеви
Стандарден курс за возрасни
Овој курс опфаќа 32 часа по 90 минути во еден семестар. Наставата се одвива два пати во неделата (понеделник и среда или вторник и четврток). Целиот курс е поделен во шест степени според Европската рамка на јазици и наставната програма е согласно со европските стандарди.
Главниот акцент се дава на вокабуларот и конверзацијата, а исто така наставата опфаќа и културолошки теми поврзани со Италија.
Интензивен курс за возрасни
На овој курс се работи според адаптирана програма за интензивно учење. Еден степен се изучува во шест недели, а часовите се три пати во неделата.(18 часа по 90 минути)
Специјализирани курсеви и курс за конверзација
Специјализираните курсеви и курсот за конверзација се наменети за сите заинтересирани слушатели кои имаат познавање на јазикот најмалку на ниво Б2. Програмата се прави според потребите на слушателите, а часовите се два пати во неделата по 90 минути.
Индивидуални часови
Програмата и фондот на часови целосно се прилагодува на слушателот. Слушателот може да избере час од 60 или од 90 минути. Наставата се одвива во училиштето или онлајн.