![]() |
Адреса: Максим Горки 1-1/2 1000, Скопје, Македонија |
Нотар Кристина Костовска е именувана за Нотар за подрачјето на Основните судови на Град Скопје, со Решение бр. 08-1944/1 од 17. 05. 2005 год., донесено од Министерство за правда на Република Македонија и започнува со работа на 03. 08. 2005 година.
Првото службено седиште на нотарот е на Бул. Гоце Делчев бр.6, Скопје, (простории на Народна Универзитетска Библиотека) а сегашното седиште на Нотарот е ул. Максим Горки бр.1/1-2, на плоштадот Македонија, во непосредна близина на многу банки, институции и органи на управата.
По писмено барање на странката и кога има оправдани причини за тоа, Нотарот презема службени дејствија и надвор од редовното работно време, односно од понеделник до петок од 08.30 до 16.30 ч. во работните денови како и во други неработни денови во договор со странката.