log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Палпласт-Про

palplast pro logo

Адреса: ул.11-ти Ноември б.б., Куманово, Македонија
Телефон: +389 31 424 448
+389 31 412 762
Мобилен: +389 75 327 788
+389 75 381 252
Факс: +389 31 426 322
email: info@palplast.com.mk
web: http://www.palplast.com.mk/

      ОПИС                

Фабриката за производство на амбалажа “Палпласт-Про“ АД-Куманово(поранешна “30 Јули“ АД-Куманово) е основана во 1958 година од страна на тогашниот Народен одбор на општина Куманово и е запишана во регистарот на Окружен стопански суд Скопје под име фабрика за производство на амбалажа во изградба со седиште во С.Бедиње–град Куманово со вршење на основна дејност производство и продажба на амбалажа. Покрај производство на производи од пластика, во прво време фабриката произведувала лименки за подоцна во 1962 година со решение Народен одбор на општина Куманово називот на фабриката го менува и гласи: Фабрика за производство на амбалажа “30 Јули“- Куманово. Подоцна во текот на седумдесетите години со зголемување на обемот на производство како и со воведување на нов асортиман на производи се јавува потреба од проширување на фабриката. Од тие причини се гради нов погон и се купуваат линии за туби. Се гради и нов магацински простор за складирање на готова роба, со оглед да производството на фабриката е од сезонски караактер, и мора се создава залиха. Полека од мала фабрика прераснува во поголема и помодерна фабрика која своите производи најповеќе ги пласира во бившите Југословенски земји, додека алуминиумските туби се продавани не само во овие земји туку извезувано е во источно европските земји, а најповеќе во земјите на Советскиот сојуз. Со проширување на дејноста со надворешно трговски промет на фабриката во 1990 година се јавува потреба од изградба на нови магацински простории за складирање на трговска стока по пат на компензација од фирми кои не можеле да плаќаат во готово, се гради дисконт за продажба на големо и продавница.Во 1991 година фабриката за производство на амбалажа “30 Јули“ Ад е запишана во судскиот регистар при Окружен суд – Скопје како друштво во мешовита сопственост. Согласно законот за трансформација на општествен капитал, одлука на управен одбор Агенција на Р.Македонија, Решении на Комисија на Влада на Р.М од 1999 година се изврши трансформација на општествен капитал со модел на продажба на идеален дел од претпријатието. Со откупување на претпријатието од страна на вработените од 78,70% станува Акционерско друштво во мешовита сопственост со целосна одговорност. Останатиот дел од 23% останува на Агенцијата на Р.М и на ФОНД за ПИОМ.

Во 2002 година на Македонската берза се изврши купопродажба на 4.365 обични акции сопственост на Агенцијата за приватизација и 11.168 обични акции од акционерскиот капитал на “30 Јули“- АД – Куманово од страна на физичко лице во приватна сопственост. На основа на овие трансакции во приватна сопственост на физичко лице доминантен сопственик е г-ѓа Ерато Палигора – Јонуз припаѓаат 65,23% од вкупниот капитал на друштвото.

Денес фабриката има 100 работника и успешно работи, со широк асортиман на производи од пластика и тоа почнувајќи од најмали флаши од 0,5 л до најголеми од 200 литри, како и алуминиумски туби од најразлични врсти. Со решение деловоден број 31020070000986 од 17.05.2007 година издадено од Централен регистар на Р.Македонија се изврши промена на називот на друштвото и тој гласи: Фабрика за производство на амбалажа “ПАЛПЛАСТ – ПРО“ АД – Куманово.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Палпласт-Про

     МАПА                 

Печати