log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Атлета

atleta logo

Адреса:Кузман Јосифовски-Питу бр.24А, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 2468 846

web   fbfb

Работно време:
Пон - Саб од 10:00 до 22:00
Нед од 17:00 до 22:00

      ОПИС                

Атлета е култна скопска теретана, формирана во 1985 година. Долгогодишното искуство во грижата за вашиот убав изглед и доброто здравје го направи Атлета еден од најпопуларните клубови во нашата земја. Огромен е бројот на успешни боди билдери, фитнесс натпреварувачки и други спортисти који дел од својата каријера ја поминале во оваа теретана.

Фитнес клубот Атлета постои од 1986 година. Атлета е првиот официјално регистриран бодибилдинг клуб во нашата земја. Повеќе десетици илјади членови се запознаа со основните принципи на правилно вежбање и здрава исхрана во нашиот клуб.

Членови на различни генерации на иста фамилија , родители и деца, ги продолжија добрите спортски навики во секогаш инспиративната вежбачка атмосфера во најстариот бодибилдинг клуб во Македонија.

Фитнес клубот АТЛЕТА 2003 е опремен со врвни професионални справи за вежбање кои вклучуваат различни сегменти: кардио справи, машини за вежбање, слободни тегови и групни вежби. На членовите на фитнесс клубот им стојат на располагање нашите инструктори, стручњаци од областа на спортот и рекреацијата.

Просторот е предвиден за комфорно вежбање на секој вежбач. Теретаната е осмислена така да за секој вежбач има доволно простор за движење и правилно вежбање.

Во модерно уредените гардероби на сите вежбачи им е овозможено безбедно сместување на личните работи во гардеробни ормарчиња и услови за туширање.

Кардио машини (уреди): бесконечни ленти, ерговелосипеди, елиптични ергометри, степери, боксерска вреќа.

Добро организиран и осмислен кардио тренинг ќе ви помогне да ја подобрите состојбата на вашиот кардиовакуларен систем. Во Атлета ви стојат на располагање голем број на седечки ерговелосипеди, кои најмногу им одговараат на почетниците и лицата кои се со послаба кондција. Можете да вежбате на професионални елиптикал уреди, кои покрај тоа што примарно ги активираат големите мускулни групи на нозете може да ги вклучат во акција мускилите на рацете и рамениот појас. За вежбачи со подобра кондиција или поголеми амбиции се препорачуваат степерите и клајмберите.

Во Атлета имате можност да одите или трчате на голем број бесконечни ленти кои имаат свој ТВ приемник, и да уживате во омилената емисија додека трошите калории.

Персонален тренинг во теретана претставува вистински начин за постигање на она што отсекогаш сте го сакале: намалување или зголемување на телесна маса, обликување и зацврснување на вашео тело, подобрување на кардиореспираторнате функција. Персоналниот тренер ќе ви помогне побрзо и поуспешно, без грешки и недоумици даја постигнете својата цел.

Нашите тренери се високо квалификувани, љубезни и стрпливи, и подготвени да во соработка со вас придонесат до унапредување на квалитето на вашиот живот.Персонален тренинг е важна инвестиција и затоа треба да бидете сигурни дека сте го избрале вистинскиот тренер. Доколку имате јасно артикулирани желби и потреби нашите тренери ќе ви помогнат да ги реализирате.

Во нашиот фитнес клуб освен користење на теретаната имате можност да одберете да посетувате часови по аеробик. Часовите по аеробик се одржуваат во салата на ОУ Блаже Конески, три пати неделно. Веќе 25 години часовите ги води доц. Д-р Јасмина Плунцевиќ Глигороска, специјалист по спортска медицина. Иако е највероватно најстарата активна инструкторка по аеробик во нашата земја, д-р Јасмина со задоволство секој час го осмислува така да групата биде мотивирана да вежба, а елементите на пилатес, класичен и кик аеробик ја разбиваат монотонијата и секој час го прават оригинален.

Во просториите на фитнес клубот можете да набавите оригинални суплементи од многу фирми. Искусните фитнес тренери ќе ве упатат во правилниот избор на соодветниот препарат како и во начинот на неговото користење.

Во Атлета се создадени многу (нескромно е да се каже најмногу, но е точно) шампиони и шампионки во нашата земја. Љубителите на бодибилдингот добро ги познаваат бројните освојувачи на медаљи на домашен терен но и на меѓународни натпревари.

Истакнати имиња кои вежбале во Атлета и се натпреварувале за Атлета и за Македонија се: Синиша Кариќ , Кујтим Нагавци , Милан Глигороски , Цветко Стојменов , Жарко Кабов , Небојша Јоциќ , Јулијана Штрковска , Жељко Чакарески , Жарко Срдиќ , Мирко Петровски , Емилија Трајковска , Светлана Маслова , Александара Маџароска , Семра Ајро

Со особена почит и благодарност ги спомнуваме имињата на двајца основоположници на овој спорт во Македонија,почитуваните г-дин Томислав Стокиќ и г-дин Илија Глигороски, кои се и основачи на ББК Атлета. Со голем ангажман и посветеност тие ги поставија темелите на бодибилдингот (тогаш атлетска гимнастика) во Македонија.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Атлета

     МАПА                 

Печати