![]() |
Адреса: Аминта Трети 58, 1-15, Скопје, Р. Македонија |
„БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“ , Скопје е првата Агенција за нега и чување на деца во Република Македонија. Агенцијата е основана со одобрение и решение од Министерство за труд и социјална политика како што е пропишано со новиот Закон за заштита на децата. Со новиот Закон за заштита на децата, предвидено е на родителите да им се овозможи легално и легитимно право за ангажирање дадилка преку Агенција. Агенцијата е основана со решението од Министерство за труд и социјална политика број 11-2867/5, на 25 јун 2014 година. Агенцијата врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца и тоа чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и чување и нега на деца на возраст над шест години.
„БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние сме тука да Ви ја најдеме најдобрата дадилка која што ќе се грижи за Вашето дете.
„БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“ е членка на Меѓународната Асоцијација на дадилки (International Nanny Association - INA). Како млада компанија ние сме горди на нашето членство во институцијата како што е ИНА. Со нивната помош и соработка во Македонија ќе ги пренесеме и донесеме најдобрите пракси и искуства во областа на чување и нега на деца.
{loadposition babysitting}