log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Нула отпад

 nula otpad logo

Улица: Јосиф Јосифовски Свештарот бр. 37/2 Скопје, Р. Македонија
Телефон: +389 2 3256 309
e-mail: contact@nulaotpad.com.mk
web: www.nulaotpad.com.mk

      ОПИС                

Нула Отпад ДОО Скопје е непрофитна организација формирана во 2012 година согласно со Законот за батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори (Службен весник на РМ, бр. 140/2010, 47/2011 и 148/2011), која како колективен постапувач е овластена за постапување со отпадни батерии и акумулатори во име и за сметка на производителите на овој тип отпад, како и за собирање на отпадни батерии и акумулатори од поседувачите и трговците.
Нула Отпад ДОО Скопје е исто така овластен колективен постапувач за постапување со отпад од електрична и електронска опрема согласна Законот за постапување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (Службен весник на РМ бр. 6/12).
Нула Отпад ДОО од Скопје како колективен постапувач нуди соработка на производителите регистрирани во Регистарот на производители со отпадни батерии и акумулатори и Регистарот на производители кои се објевени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ (www.moepp.gov.mk), а исто така и на поседувачите и трговците на отпад од батерии и акумулатори и отпад од електрична и електронска опрема.
Нула Отпад ДОО од Скопје е основач на – maswa Македонска Асоцијација за Цврст Отпад
Нула Отпад ДОО од Скопје се залага за:
Зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина
Заштита на животот и на здравјето на луѓето
Рационално и одржливо користење на природни богатства
Спроведување и унапредување на мерките за решавање на глобалните проблеми на животната средина
Избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад
Искористување на употребливите состојки на отпадот
Одржлив развој, преку зачувување и заштеда на природните ресурси
Спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето
Отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина

    ГАЛЕРИЈА           

 

Нула отпад

     МАПА                 

Печати