log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Асеана Ројал Спа

 9068343

Aдреса: Орце Николов бр. 190 (Ламела 4), Скопје, Р. Македонија
Тел. +389 (2) 3246-442
Моб. +389 (0)70 371-842
E-mail: aseanaroyalspa@gmail.com
web: www.aseana.mk
Работно време: од Вторник до Недела
            од 12:00 до 22:00 часот

      ОПИС                

Како последица на забрзаниот начин на живот се јавуваат стресот и притисокот кои често пати не можеме да ги избегнеме. Толку многу работи треба да се направат, а имаме толку малку време на располагање. Од време на време ви треба да избегате од секојдневието. Замислете да имате сопствена оаза, каде ќе можете да го оттопите заморот и стресот и да го подмладите телото и духот.
Ве покануваме во Асеана салонот и дневниот спа центар, освежувачка оаза во која ке откриете поздрава, помалку стресна и поубава димензија од себеси. Работиме во согласност со древната јаванска филозофија за убавина “Рупасампат Вахјабјантара“, која во превод значи: рамнотежа на внатрешната и надворешната убавина создава природна убавина.
Ви нудиме целосна палета на услугите - од третмани за лице, скалп и тело до маникир, педикир и масажи. Препуштете се на традицијата и сензуалноста на спа културата од Бали. Стариот индонезиски фолклор раскажува дека постоел лек инспириран од Деви Сри, божицата на плодноста и просперитетот. Нејзината убава и здрава кожа е одлика на безвременските ритуали за убавина збогатени со традиционалното капење. Врз основа на оваа тајна настана серија на третмани. Асеана спа центарот ви нуди екстензивна линија на ексклузивни производи направени од екстракт на ориз и чисти есенцијални масла.
Зачекорете во единствениот спа центар каде се спојуваат древната мудрост на Бали и безвременската убавина и здравје.
Со желба да го понуди само најдоброто искуство на своите клиенти, нашиот СПА центар има холистички пристап во кој се користат повеќевековните традиционални методи за убавина и здравје и се применуваат во текот на човековиот животен циклус. „СПА за убавина и хармонија“ е инспирирана од древната мудрост и индонезиската традиција на капење и грижа за убавината во текот на целиот живот, во комбинација со „модерниот“ тренд на враќање кон природата.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Асеана Ројал Спа

     МАПА                 

Печати