log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Дом на културата "Драги Тозија" - Ресен

 logo

Адреса:29-ти Ноември 47, Ресен
Телефон:+389 47 551
Е-маил: dkdtre@yahoo.com

web    fbfb

      ОПИС                

 Општинска установа Домот на култура Драги Тозија во Ресен е  формиран во 1978 година.
Сместен е во зграда на Сарај. Во рамките на Домот на култура како културно-образовна институција функционираат следните дејности: библиотечна дејностмузичко-сценска дејност и фолклордрамска дејностликовна уметност и галериска дејностлитературна дејностмузејска и кинотечна дејностобразование на возрасните  
Со формирањето на Домот на културата во гардот се одржуваат бројни култури манифестации како настапи на културно-уметничките друштва, театарски претстави, литературни читања, промоции на книги, распишување на наградни конкурси за литературни и уметнички творби, на кои земаат активно учество ученици од цела Преспа.
Зграда Сарај
Како најрепрезентативен објект на старата градска архитектура секако претставува зградата Сарај.
Објектот е изграден во почетокот на 20-тиот век (се претпоставува од 1904/5-1911/12 година) од страна на еден од водачите на Младотурската револуција Ахмед Нијази Бег, (1908 година). Има мислење дека Сарајот е граден после Младотурска револуција до 1912 година кога започнале Балканските војни, а Сарајот не бил комплетно завршен.
Довршувањето и интервенции во оваа зграда (внатрешно) се изведувани со менувањето  на властите. Интервенции на сарајот се вршени 1912/13 година со поставување на прозори и враи исто така и 1922/23 година.
Мермеот што е вграден во Сарајот е носен од локалиотетот Плочине кај с. Болно. Во основа Сарајот е симетрично решено централен дел и две странични крила (источно и западно).
Во вертикала Сарајот е поделен на подрумски дел, приземје, кат и поткровје. Носивната конструкција е од носивни ѕидови Д=40-85 цм. Изведени од тврд материјал – печена тула и вар како врзно средство. Меѓукатните конструкции се од челични профили исполна на тула (ходници и холови) и дрвени греди (во останатиот простор).  
Кровната конструкција и конструкцијата на кубињата е дрвена, но со реконструкцијата на кубињата во 1982 година дрвото е заменето со челични профили.
Фасадните платна на сарајот богато се обработени: посебно главната (северна). Фасадите посебно се расчленети по хоризонтала со венци и фризови, редоследно обработени, а по вертикала со пиластри кои завршуваат со капители. Сарајот по своите архитектонски и естетски вредности му парира на градбите од неокласицизмот од почетокот на 20-тиот век.
Денес Сарајот (Домот на културата Драги Тозија) претставува споменик на културата.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Дом на културата "Драги Тозија" - Ресен

     МАПА                 

Печати