Logo

Дом на културата Илинден-Демир Хисар


 

Адреса:Ул. Маршал ТитоДемир Хисар
Телефон:+389 47 275 166
              +389 76 434 320
Е-маил:
domnakulturailinden@yahoo.com
    

      ОПИС                

Домот на културата е формиран на 27.02.1960 год. Зградата на домот на културата свечено е предадена во употреба на 02.09.1987 год. и е градена со средства од граѓаните на општината. Во склоп на домот работи народната библиотека “Петре М. Андреевски”. Домот располага со корисна површина од околу 1200 m2 : концертна сала од 325 седишта, професионална сцена, фоаје, машки и женски гардероби и останати помошни простории кои се користат по разни основи во текот на работењето.
Дејности

БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ: Библиотеката “Петре М. Андреевски” располага со книжен фонд  од над 40 000 книги, или со над 20 000 наслови кои се од сите жанрови и солидно ги задоволуваат потребите на читателите од општината Демир Хисар.

МУЗИЧКА ДЕЈНОСТ: Благодарение на Министерството за Култура, набавено е професионално музичко озвучување за потребите на домот со јачина од 4000W и вредност од над 300 000 денари.

Располагаме со сопствен оркестар и К.У.Д. “Илинден” кое брои околу 200 членови распоредени во три групи. Првата група има постигнато видни резултати во областа на презентација на македонскиот фолклор како во државата така и надвор од неа со учество на многу фестивали низ Европа. Во 2010 година е постигнат најголемиот успех во историјата на неговото постоење, поточно со учество на Интернационалниот Фестивал за Фолклор во градот Агрополи во Р. Италија во конкуренција од 16 држави во светот, го освои првото место или престижниот “Tрофеј на мирот”.

Благодарение на Министерството за култура и со апликација за финансирање во ЕЛЕМ, набавени се три нови комплетни носии за К.У.Д. “Илинден”.

СЦЕНСКО УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ: Во склоп на домот на културата активно работи драмското студио.

Во склоп на домот на културата работи и литературниот клуб “Изгрев” кој организира разни промоции и презентации од областа на литературно-издавачката дејност.
Традиционален годишен концерт на КУД "Илинден" Демир Хисар од сите возрасти, од најмали до пензионири, преку 150 учесници. Ора од цела Македонија.

Концертот се одржа во Домот на културата на 23.12.2017 година.

Со традиционалниот фолклорен Велигденски фестивал, на ден 8.4.2018г. (недела), беше свечено отворена манифестацијата „Град на културата за 2018 година.“ Програмата започна со свечено дефиле и настапи на културно - уметнички друштва од Демир Хисар - како град домаќин, Битола и Кичево.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Дом на културата Илинден-Демир Хисар

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk