log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ВВМ ГД ТИКВЕШ

gdtikves logo

Адреса Винарија: с.Трстеник, 1422 Росоман, Македонија
Адреса Винотека: Шишка 2, 1430 Кавадарци, Македонија
Мобилен: +389 70 376 847
Факс:       +389 43 412 852
Е-маил: vvm_gdtikves@yahoo.com

web   fbfb

      ОПИС                

ГД Тиквеш бележи повеќе од 60 години традиција во одгледување винова лоза. До 1998 година  бевме дел од поранешниот Агрокомбинат Тиквеш, а веќе од 1999 година функционираме како  самостоен ентитет. Традицијата на континуиран раст и развој продолжува низ годините со  инвестирање во винарскиот сектор, односно започување со+ проектот за изградба на нова  сопствена винарија, ВВМ ГД Тиквеш, во 2013 година.Беспрекорниот квалитет на винско и  трпезно грозје се негува на 800 ха лозови насади. Површините со винова лоза се поделени во  шест работни единици, Раец, Шамаци, Љубаш, Трстеник, Сува Гора и Возарци. Големата  пространост на која се протегаат,  ги карактеризира со меѓусебна различност и уникатно  наследство , во вистинската смисла на тероарот.Во ГД Тиквеш ние работиме како еден тим.Од Винова лоза, до грозје, па до вино,тимски обединети да ја оствариме нашата  заедничка  цел.Шише извонредно вино на крајот од денот!


ВВМ ГД Тиквеш има капацитет за производство на 8 милиони литри вино, со тенденција на зголемување до 12 милиони литри во наредните три години.
95% од вкупното производство се однесува  на наливно вино за извоз, додека другите 5% се флаширано вино во различна амбалажа.


Винаријата располага со широка палета сорти на грозје од сопствени лозови насади, што ни овозможува контрола на квалитетот на грозјето и избор на саканата локација. Со применување на прилагоден пристап во одгледувањето на виновата лоза, и обезбедување на соодветен третман и нега на секоја парцела лозје, настојуваме да го одржиме континуитетот во квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на вината.


Нашата винарската филозофија е да направиме одлични вина кои ќе ја изразат врвноста на исклучителниот тероар, што природата богато го дарувала на овие простори. Во винската колекција се наоѓаат вина произведени во строго контролирани услови, од внимателно избрани сорти и различни клонови одгледувани на надморска висина од 200 - 450 метри.
ГД Тиквеш годишно произведува околу 9.500.000 кгр. квалитетно винско грозје. Од година во година се пристапува со практика на зголемување на лозовите насади како и пуштање во производство на нови сорти кои дале значаен резултат во повеќегодишното испитување од страна на стручниот тим на оваа компанија.

    ГАЛЕРИЈА           

 

ВВМ ГД ТИКВЕШ

     МАПА                 

Печати