![]() |
Адреса: Борис Кидрич 26,Гевгелија |
Компанијата УНИВЕРЗАЛ - ППЕВ се занимава со:
- Поправка и одржување на тешки товарни возила и градежна механизација
- Овластен сервис за WABCO, водечка компанија меѓу производителите на пневматика и системите за кочење (ABS, EBS, ECAS)
УНИВЕРЗАЛ – ППЕВ е претпријатие кое се занимава со поправка и одржување на тешки товарни возила и градежна механизација. Фирмата располага со современ сервис, изграден во 1997 година, опремен со најсовремена опрема која ги задоволува сите стандарди за поправка на сите европски возила и тоа од euro2, euro3, euro4 и euro5 нормите.
Сервисот на УНИВЕРЗАЛ се простира на површина од 350 метри квадратни, целиот комплекс зафаќа површина од 1500 метри квадратни, а се наоѓа во Гевгелија, кај терминалот на стариот автопат Скопје – Солун, на два километри од македонско-грчката граница и граничниот премин Богородица.
УНИВЕРЗАЛ е застапник на германската фирма WABCO која е водечка во светот на производителите на пневматика и системите за кочење (ABS,EBS,ECAS). Сервисот располага со специјални сертификати за сервисирање и поправка на овие сложени системи, мајстори кои имаат поминато обука кај самите производители, како и оригинални дијагностички апарати за успешно одржување и контролирање на овие исклучително значајни сегменти кај тешките товарни возила.