log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Винт

vint logo

Адреса: Варшавска бр.4, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 2432 591
+389 2 2440 164
Факс: +389 2 2440 164
Мобилен: +389 70 217 954
е-маил: info@vint.com.mk
facebook: https://www.facebook.com/vintdooel/
web: http://vint.com.mk/

Работно време:
Пон - Саб од 08:00 до 16:00

      ОПИС                

ВИНТ дооел е специјализирана компанија на пазарот во Македонија која со својата професионалност нуди целокупна листа на услуги од областа на електротехниката.


ВИНТ дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје, Република Македонија. ВИНТ најпрво започна како овластен дистрибутер на TEZ – Загреб. Со понатамошниот развој и со својата докажана професионалност фирмата се разви и стана овластен дистрибутер на Philips Lighting. Како свој модел ВИНТ ја следи посветеноста на Philips во генералните бизнис принципи кои се однесуваат на интегритетот и етиката при водењето на бизнисот. Фирмата ги следи и се води според тие принципи во сите свои донесени одлуки и постапки кон купувачите, кон поддоговарачите, кон вработените како и кон сите други вклучени учесници. Финансискиот етички код како и етичкиот код при набавување се дополнителен водич на ВИНТ во секојдневното работење и водење на бизнисот.
Нашата мисија е подобрувањето на квалитетот на живеењто на луѓето преку навремено воведување на значајни технолошки иновации. Во современиот свет, каде што технологијата безгранично напредува, каде што технологијата го допира секој аспект од нашиот живот, ВИНТ овозможува водечки решенија во полето на заштита на здравјето и животниот стил. ВИНТ овозможува нова технологија која ги задоволува потребите на своите корисници правејќи ги позадоволни и со тоа градејќи долга врска темелена на доверба и сигурност. ВИНТ е одговорен партнер во општеството, со недопрен интегритет кон своите корисници, вработени,добавувачи и бизнис партнери, поддоговарачи, конкуренцијата, државата и нејзините тела како и сите останати засегнати од нивните активности.
Нашиот тим од експерти е тука за вас. Ние инвестираме во висококвалитет и обучен тим кој ќе биде достапен за вас и вашите прашања и потреби. Со нашиот тим ние нудиме проверка и евалуација на поставените системи за осветлување, како и бројни совети и информации за новите иновативни решениија. Ние сме тука за дизајнирање на решение кое оптимално одговара на вашите потреби и реализација и имплементација на истото со највисок квалитет и одлични резултати.

Наши услуги

УВОЗ - ВИНТ увезува исклучиво високо квалитетна опрема за која гарантираат сертификатите и признанијата на нашите добавувачи, светски реномирани компании од областа на осветлувањето и електротехниката.
ГОЛЕМОПРОДАЖБА - Големопродажната палета производи вклучува сијалици за општа употреба, сијалици за надворешно осветлување, специјализирни сијалици, како и елементи и софтвер за автоматизација на објекти.
ЗАСТАПУВАЊЕ - Доказ за нашиот квалитет е долгогодишната соработка како овластени дистрибутери на Philips Lighting. Во чекор со новостите и иновациите ние го пренесуваме искуството и знаењето на бројните проекти и изведби.
ПРОЕКТИРАЊЕ - Проектанскиот тим на ВИНТ се состои од врвни електроинженери со долгогодишно искуство во проектирање, надзор и ревизија на проектна документација. При проектирање на енергетски објекти се извршуваат детални анализи и постојани проверки на добиените резултати со цел да постигнување поголем квалитет како и максимално енергетски ефикасни решенија.
ИЗВЕДБА - Следејќи ги барањата на пазарот ВИНТ активно зема учество во изведба, испитување и одржување на електротехнички инсталции за сите типови објекти и улично осветлување. Нашата крајна цел е економски исплатливо и технички исправно решение. Поради сериозноста и професионалноста која им ја нудиме на нашите партнери, обемот на нашите услуги расте со брзо темпо.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Винт

     МАПА                 

Печати