log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Вити

viti logo

Адреса: Париска Бр 17А, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3071 411
+389 2 3071 446
Мобилен: +389 70 230 525
web:http://www.vitimk.com/index.php
email: contact@vitimk.com

      ОПИС                

ВИТИ Дооел е една од првите приватни фирми основана во 1995-тата година, со примарна дејност производство на сврзувачки елементи, машински завртки во стандардите DIN 933 и DIN 931, како и останати аксесоари, кои вклучуваат сајли, стеги за сајли, шпан заврти, спони за сајли и водилки за сајли.

Паралелно со отпочнување на сопственото производство, ВИТИ ја започна и соработката со една од водечките светски брендови во производство на машински завртки и навртки, во квалитет 8.8, 10.9, 12.9 и 14.9 - S.B.E. од Италија.

Со ова вити стана една од доминантните компании за снабдување со овие материјали на Македонскиот пазар.

Нашето долгогодишно искуство и традицијата ви гарантираат дека ќе добиете одлична услуга и продукт од врвен квалитет!

Доколку имате било какви прашања во врска со нашите производи, или доколку сакате да направите некаква нарачка, контактирајте не во било кое време.

Со цел подобро да ве запознаеме со нашиот целокупен програм ќе издвоиме некои од производите кои во овој момент наоѓаат најширока примена на домашниот пазар.

Завртки (fasteners) во стандард DIN 933 ( со цел навој ) и 931 ( со пола навој ), со дијаметар почнувајќи од М 4 па се до М 36 и должини до L=300mm и квалитет 5.6 , 8.8 и 10.9.
Завртки со имбус глава во стандард DIN 912 со дијаметар почнувајќи од М 4 па се до М 30 и должини до L=200 mm и квалитет 8.8 ; 10.9 и 12.9.
Завртки за конструкции (fasteners for heavy construction) во стандард DIN 6914 со дијаметар почнувајќи од М 12 до М 30 и должини до L=200 mm.Овие завртки се изработуваат во 10.9 квалитет. За истите соодествуваат навртки во стандард DIN 6915 во 10.0 квалитет како и подлошки во стандард DIN 6916.
Навртки (nuts) во стандард DIN 934 со внатрешен дијаметар почнувајќи од М 3 па се до М 68 изработени во квалитет 8.0 и 10.0
Навртки со пластика или сигурносни навртки (safety nuts) во стандард DIN 985 со внатрешен дијаметар почнувајќи од М 6 до М 24 изработени во квалитет 8.0.
Рамни подлошки (flat washers) во стандард DIN 125 и Еластични подлошки (elastic washers) во стандард 127 со внатрешен дијаметар почнувајќи од М 3 па се до М 36 ; Звездести подлошки () DIN 6797 со дијаметар почнувајќи од М 6 до М 16 како и Широки подлошки (wide washers) DIN 9021 со дијаметар почнувајќи од М 6 па се до М 16.
Навојни вретена или навојни шипки (thread rods) во стандард DIN 975 со дијаметар почнувајќи од М 6 па се до М 36, сите со должини L=1000 mm изработени во квалитет 4.6 и 8.8.
Внатрешни Зегери (seger?) (Ускочник) во стандард DIN 472 и Надворешни Зегери (outer seger) (Ускочник) во стандард DIN 471 со дијаметри почнувајќи од Ф 4 па се до Ф 200.
Челично јаже или Челична сајла ( steel wire rope) во стандард DIN 3066 и DIN 3060 со дијаметар почнувајќи од F 2 па се до F 37 како и аксесори поврзани со Челичните јажиња ( стеги за сајла ; водилки ; спони ; шпан завртки и разни видови на куки ).
Еластични чивии во стандард DIN 1481 со надворешен дијаметар почнувајќи од Ф 3 па се до Ф 8 и должини до L=100 mm.
Расцепки или осигурачи во стандард DIN 94 почнивајќи од Ф 3 па се до Ф 10 и должини до L=100 mm.
Стеги за Црево (hose clamps) во димензија почнувајќи од Ф 8-12 па се до Ф 140-160
Тешки стеги за црево (Massive hose clamps) Ф 28-32 - Ф 200-230 (и прохромски – инокс)
Анкер завртки (Anchor bols) со димензии почнувајќи од Ф 8 х 60mm па се до Ф 20 х 200mm.
Голем избор на зартки за дрво и плех завртки

ВИТИ Дооел соработува со неколку светски реномирани компании кои се занимаваат со слична дејност. Еден од нашите најголеми партнери е Vescovini Group од Италија.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Вити

     МАПА                 

Печати