![]() |
Адреса:Бул.Св.Климент Охридски бр.58-Б Скопје |
Градското здружение на возачите и автомеханичарите техничките прегледи на моторни и приклучни возила почнува да прави од 1961 година, а услугите кои произлегуваат од регистрацијата на моторните возила како и продолжување на важноста на регистрацијата за целосно задоволување на потребите на граѓаните од 1965 година. Не е случајно што токму во тој период се јавува и првата организирана, професионална станица за тенички преглед. Таа е формирана во Кисела Вода, во 1966 година, се вика Центар за технички преглед на моторни и приклучни возила, има 3 канала, 10 вработени - четворица контролори и 6 референти. Втората станица е отворена во населба Ченто во 1974 година, подоцна во 2000 година е отворена и третата станица во населба Карпош, и за само неколку години подоцна е отворена најновата станица во населбата Даме Груев.
Денес со методи и форми многу пософистицирани од оние во 1957 функционираат Станиците за технички преглед Кисела Вода и Карпош.