![]() |
Адреса: Борис Трајковски б.б. (Првомајска), Скопје, Македонија Работно време: |
Хемпромак е компанија основана во 1992 година и континуирано работи фокусирајки се на трговијата со гумени производи и репроматеријали од повеќе странски производни брендови.
Хемпромак е меѓу поголемите снабдувачи на македонскиот пазар со следните производи:
• Црева (вода, воздух, заварување, бензин и масла, ЛПГ, хидраулични, спирални,
тефлонски, полиамидни, полиуретански, ПВЦ, како и на спојки и приклучоци)
• Гумени плочи (техничка плоча со и без платно и подни плочи)
• Чевларски репроматеријали (пети, потпетици, флекници, микрогума итн.)
• Останати гумено-технички артикли (каиши, траки, профили итн.)
Нашите производи имаат примена пред се во индустријата и рударството (гумени црева за вода, компресорски црева, технички плочи, подни плочи, транспортни траки и ремени), градежна индустрија (црева за бетон, дилатациони траки, подни плочи), авто индустрија (црева за ладилник, кочници и ремени), репроматерјал за чевларска индустрија итн.
Компанијата располага со сопствен модерен деловен објект во населба Пинтија, Индустриска Зона Скопје, каде се наоѓа целокупниот лагер на горенаведените артикли и од каде се реализираат сите деловни операции.