Logo

Меблинг

mebling logo

Адреса: Плачковица бр.223, Радовиш, Македонија
Изложбен салон: Боца Ивановска бр.35, Скопје. Македонија
Мобилен: +389 78 390 539
+389 71/393 916
Факс: +389 32 631 761
е-маил: mebling.mk@gmail.com
web: https://www.mebling.mk/

      ОПИС                

Компанијата МЕБЛИНГ се занимава со продажба на машини за дрвната индустрија, со сопствена монтажа и сервис

Застапници на реномираните компании за производство на машини за дрвната индустрија FELDER GROUP од Австрија и NIMAC GROUP од Грција.

По принципот „се на едно место“ Ви нудиме голем број на машини, од најмали професионални до високо индустријализирани CNC машини

Компанијата МЕБЛИНГ дооел од Радовиш во годината кога прославува десет години од своето постоење на македонскиот пазар го донесе познатиот бренд на машини за дрвната индустрија FELDER GROUP од Австрија. Нашето големо искуство во производството на мебел го искористивме да им помогнеме на другите производители на мебел во изборот на машини за работа.

Денес, со гордост, можеме да кажеме дека сме застапници на реномираните компании за производство на машини за дрвната индустрија FELDER GROUP од Австрија и NIMAC GROUP од Грција.
Од асортиманот на FELDER GROUP нудиме голем број машини по принципот „се на едно место“, односно од најмали професионални, до високо индустријализирани CNC машини, поделени во три линии FELDER, FORMAT 4 и HAMER. Компанијата FELDER GROUP е 60 години присутна на европскиот и светскиот пазар, што заедно со продолжената гарнција и беспрекорниот сервис, се најдобра гаранција за високиот квалитет на машините, етаблирани како бренд број 1 во Европа и во светот.
NIMAC GROUP се докажани долгогодишни партнери во дрвната индустрија на македонскиот пазар. Со посебен акцент на CNC кројачи, нудиме широк асортиман на машини за дрвна индустрија, со сопствена монтажа и сервис.
Во нашата понуда имаме и употребувани машини за кроење, кантирање, бушење, брусење..., кои се целосно обновени за беспрекорна работа. Дел од нив ги имамае на залиха, а за останатите вршиме увоз од Грција и Германија.

Компанијата МЕБЛИНГ дооел од неодамна отвори нов изложбено-продажен салон во Скопје, во населбата Бутел, до ресторанот АБЦ, во близина на Солопром. Пред да не посетите во салонот во Скопје контактирајте не на +389 (0)78/390 539, за да ја закажеме средбата.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Меблинг

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk