log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Автоматика

avtomatika logo

Адреса: ул.Страшо Пинџур бр.144, Кавадарци, Македонија
Управител - Ванчо Настов: +389 71 373 004
Е-маил: vanini@avtomatika.mk
Комерција - Ирена Настова: +389 71 824 432
Е-маил: irena@avtomatika.mk
Сервис - Несторовски Сашко: +389 78 442 425
Е-маил: sase@avtomatika.mk
Одржување - Маринковиќ Младенчо: +389 71 360 766
Е-маил: mladen@avtomatika.mk

web

      ОПИС                

АВТОМАТИКА е приватно претпријатие основано на почетокот на 2007 година. Компанијата е лоцирана во Кавадарци на идеална местоположба во центарот на Македонија. Основната дејност на АВТОМАТИКА е пружање услуги од областа на автоматизација на производни процеси. Автоматика Кавадарци, од 2010 година пружа услуги за демонтажи, монтажи и инсталации на производни постројки како и нивна автоматизација. Од 2012 година претпријатието нуди услуги и од областа на системи за рагулација и управување на водоснабдувањето за потребите на регионалните водоснабдителни системи.

Не постои едно, универзално решение за управување и контрола во индустрискиот сектор, кое ќе одговара на производниот процес на секое производно претпријатие, затоа основната активност на АВТОМАТИКА подразбира договарање со клиентот за идентификација на неговите потреби, по што се изготвува техничко решение, приспособливо кон потребите на клиентот. Системските решенија за автоматизација кои ги нуди АВТОМАТИКА се одликуваат со иновативност и едноставност, а хардверот кој што се вградува е високо квалитетен – Unitronics, Schneider Electric. Претпријатието покрај автоматизирањето на производните процеси развива услуги за кастомизирани постројки во процесниот инженеринг и комплетна подршка за истите.

Главна компетитивна предност на АВТОМАТИКА е високиот степен на иновативност како и know how - то за автоматизирање на производни постројки од разни гранки на индустријата. Нашите решенија се базираат на високиот степен на знаење од областа на контрола и управување со индустриските процеси и повеќе од 50 успешно спроведени проекти и имплементацијата на најмодерни но и најефективни решенија за нашите клиенти.

Автоматизација
Основна дејност на нашата компанија е автоматизација на производните и останатите процеси во интерес како на индустријата така и на инфраструктурните објекти. Од нашето портфолио на готови решенија може да понудиме автоматизација на: системи за пакување, системи за складирање и обработка, системи за преработка на храна, постројки за термичка обработка, пумпни станици, филтрација, процесна опрема за приготвување на мешавини во строго дефиниран однос и други процеси и системи. Во контекст на решенијата во индустријата можеме да понудиме и изработка на посебни проекти за ваши потреби како и нивна изведба и автоматизација. Доколку имате специфичен проект или процес ве молиме котактирајте не. Со задоволство ќе разговараме за сите можни решенија кои може да ги примените како и сосема бесплатна поддршка во процесот на одлучување.

Во склоп на автоматизацијата на процеси Автоматика Дооел изработува СКАДА системи за набљудување и управување со системите за водоснабдување како и на други процеси, како транспорт на руда и преглед на операции внатре во производните хали..

Демонтажа и инсталација
Ви нудиме услуги за демонтажа и инсталација на вашите постројки или цели фабрики и преместување од една локација на друга. Имаме искусен тим за машински, електро и останати процесни услуги при што на ваше барање вршиме комплетно пакување, утовар како и организирање на посебен транспорт до одредишната локација каде би ги монтирале вашите постројки. Како додадена вредност нудиме се разбира, на крај и автоматизација на истите и пуштање во употреба. Во контекст на услугите во индустријата можеме да ги одржуваме постројките редовно и ад.хок по ваша потреба. Во нашето портфолио на завршени проекти е демонтажа и инсталација на фабрики за негазирани ијалоци, пивари, сирупани, како и сета останата процесна опрема која што ги следи. За секое ваше барање стоиме на располагање за увид и евалуција на проектите, ценовно и временски, како и евалуација на опремата од интерес.

Системи за водоснабдување и СКАДА
Во склоп на автоматизацијата на процеси Автоматика Дооел изработува СКАДА системи за набљудување и управување со системите за водоснабдување како и на други процеси, како транспорт на руда и преглед на операции внатре во производните хали. Имаме имплементирано Скада системи за водоснабдување за ЈП Комуналец Кавадарци со цела пропратна автоматизација и визуелизација. Ние нудиме потполно наши системи за автоматизација и скада, без потреба од дополнително плаќање на лиценци. Исто така имаме имплементирано Скада систем за управување на транспорт на руда за рударско-металуршкиот комбинат ФЕНИ Индустри и реавтоматизација на старите системи за управување на претовар. Скада системите се изработуваат со цел да се добие ефикасен систем со што помали загуби и подобра контрола на трошењето на ресурсите.

Комплетни костумизирани проекти
За потребите на процесната индустрија како и за останатите гранки нудиме комплетни проекти кои се прилагодени прецизно за вашите потреби. Преку изработка на проекти за постројки за вашето сегашно или идно производство до набавка или изработка на опрема за ваша потреба како и монтажа и пуштање во употреба. Изработка на комлетни проектни решенија како проектирање на просторот, електрични и машински решенија како и нивна инсталација. Нудиме изработка на специфични делови од опрема кои ќе ви помогнат да одскокнете во вашата гранка како и да понудите подобра и поефикасна услуга или производ на вашите коминтенти. Автоматика дооел може да го води процесот на остварување на вашите замисли од идеја до реализација на погоните и постројките, како и сета поддршка која ќе ви треба во текот на експлоатацијата на постројките. За сите подетални информации слободно контактирајте не!

    ГАЛЕРИЈА           

 

Автоматика

     МАПА                 

Печати