log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Геохидроконсалтинг

geohidrokonsalting logo

Адреса: ул.Манапо бр.7/2-5, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3070 330
Е-маил: info@ghk.com.mk

web

      ОПИС                

Нашата главна цел во работењето се задоволни клиенти.
Геохидроконсалтинг е компанија специјализирана за геолошки, хидрогеолошки, геотехнички и геомеханички истражувања и испитувања за проектирање и изградба на линиски инфраструктурни објекти како патишта, железнички пруги, гасоводи, нафтоводи, далеководи како и деловни и станбени објекти, со изработка на елаборати, проекти и студии, и истражувања за минерални суровини. Исто така дејноста на компанијата опфаќа и вршење на геолошки и геотехнички надзор во фаза на истражување и изградба на различни објекти. Освен тоа се врши ревизија на техничка документација.


Компанијата располага со високо стручен инженерски кадар со големо домашно и меѓународно искуство, со стекнато образование во врвни образовни институции како:
- Рударско - Геолошки Факултет – Штип
- Градежен Факултет – Скопје
- Рударско - Геолошки Факултет – Белград
- Imperial College London

На многу значајни инфраструктурни и други проекти ГХК соработува со други домашни и интернационални фирми меѓу кое се:
- RUBAU - Spain
- IDOM - Spain
- GEOFIZIKAL - Serbia
- TYPSA - Spain
- ADT OMEGA - Greece
- OBERMAYER - Greece

Геохидроконсалтинг располага со сопствена механизација и опрема за теренски истражувања и испитувања како што се дупчалки, теренски возила, опрема за изведување на опити за водопропусност, статичка и динамичка плоча, како и останата опрема за теренски испитувања. Освен тоа нашата компанија соработува со акредитирана Лабораторија за Геотехнички испитувања во рамките на Катедрата за Геотехника на Градежен Факултет – Скопје.


Геохидроконсалтинг е член на повеќе организации и друштва како:
- Стопанска Комора
- Комора на овластени архитекти и градежни инженери
- Здружение на рударски и геолошки инженери на Македонија
- Друштво за геотехника на Македонија
- Македонски Комитет за Големи Брани

Геохидроконсалтинг ги поседува сертификатите ISO 9001, 14001 и 18001 како потврда за квалитет при вршење на работа, грижа за животната срединакако и заштита при работа. Компанијата Геохидроконсалтинг има цел да ги извршува своите проекти квалитетно, професионално и навремено за зачувување на довербата на нашите клиенти и партнери и одржување долгогодишна соработка. Ние се грижиме за постојан развој и надоградување на нашиот тим. Вработените во Геохидроконсалтинг постојано следат повикани предавања на врвни експерти од областана градежништвото, учествуваат на македонски и меѓународни конференции и симпозиуми меѓу кои и на Симпозиум за Геотехника во Македонија, Симпозиум за рударство и геологија во Македонија, Европска конференција за млади геотехнички инженери, вршат стручни посети на објекти како Посета на Големи Брани во Словачка, Посета на Големи Брани во Романија и Посета на Големи Брани во Италија.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Геохидрконсалтинг

     МАПА                 

Печати