log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Боди ту баланс

boditubalanslogo

Адреса: Ул.Коста Новаковиќ 50/2-6, Аеродром, 1000 Скопје
Мобилен: 075/349-961
Еmail: body.to.balance01@gmail.com

  

fbfb instagram

      ОПИС                

 

Низ вековите традиционалната кинеска медицина до детали го истражувала значењето на непречениот проток на животната енергија во човековото тело, но и начините како да се одстранат пречките и застојот на Чи (енергијата) со кои се спречува настанокот на болестите и болните состојби.

Туи-на е кинеска медицинска масжа и е значаен дел од традиционалната кинеска медицина(ТКМ). Се заоснова на филозовскиот концепт на ТКМ за животот и здравјето, кој темели на теориите:
-Јин и Јанг.
-Теоријата на петте елементи.
-Животната енергија-Qi
-Меридијаните, каналите по кои таа циркулира.

Делува на целиот организам, како рехабилитирачки така и превентивно. Делува на:
-Имуниот систем.
-Ефикасна е при напнатост и болки во мускулите и зглобовите.

Се употребува при хронични болки и состојби како што се:
-Главоболка.
-Мигрена.
-Несоница.
-Замор.
-Стрес.
-Проблеми со системот за варење.
-Ладни нозе.
-Задржување на вода во организмот.
-Болки во крстот.
-Менструални и уринарни проблеми.
-Мускулна напнатост и грчеви.
-Хипертензија.

Ефикасна е како површински на кожата, така и длабински на мускулите, тетивите, лигаментите и внатрешните органи. Основната терапевтска ориентација е кон воспоставување на слободен проток на енергијата(Qi) низ енергетските канали-меридијани. Меридијаните се канали по кои тече животната енергија(Qi). Според теоријата на ТКМ постојат 12 парни меридијани и 2 непарни меридијани кои течат по целото тело и во основа можат да се поделат на 6 меридијани на раката и 6 меридијани на ногата, од една страна. Од друга страна можат да се поделат 6 ЈИН меридијани и 6 ЈАНГ меридијани. Двата непарни меридијани течат по средишните линии на телото, еден однапред кој е ЈИН по својата природа и еден одзади кој е ЈАНГ по својата природа. Овие меридијани ги контролираат и надгледуваат останатите 12 парни меридијани. На меридијаните се наоѓаат акупунктурни точки, кои со оваа масажа ги стимулираме и масираме. Преку нивната стимулација влијаеме на протокот на енергија низ меридијаните.
Со туи-на масажата мануелно влијаеме да се подобри енергетскиот проток, односно да се одстранат блокадите настанати заради влијанието на најразличните патогени фактори во секојдневниот живот, како што се:
-Долготрајна емотивна состојба на жалост, страв, грижа, гнев, лутина
-Несоодветна, прекумерна или пак недоволна исхрана
-Несоодветна физичка активност
-Замор, стрес и преоптоварување

Туи-на е пред се начин за повторно воспоставување на нарушената рамнотежа во телото, секогаш кога тоа е потребно. Масажата го подобрува протокот на енергија, кој е блокиран заради влијанието на патогените фактори, и на тој начин ги подобрува здравјето и виталноста. Изворната, оригиналната кинеска масажа се изведува на облечен пациент, на западните простори пак, таа е адаптирана како масажа со масла, заради воспоставување на непосреден контакт со кожата на пациентот. Се употребуваат цврсти и одлучни масажни техники и манипулации, кои влијаат релаксирачки. Многупати ја комбинираме со најразлични техники и помагала ( акупресура, артикулаторни техники-манипулации, вентузи, топли камења, гуа-ша, креми), се со цел да се зголемат и нагласат нејзините ефекти.
Туи-на масажа е иделно терапевтско средство, но уште подобро релаксационо и превентивно средство. Нејзините благопријатни ефекти се чувствуваат уште долго по терапијата, што ја прави да е една од најбараните масажи ширум светот.

Yumeiho е превентивна и терапевтска метода, комбинација од мудроста на јапонската и кинеската медицина со јапонска прецизност.
Оваа холистичка јапонска масажа и мануелна терапија помага во третирање на многу болести и овозможува подобрување на менталното и физичкото здравје.
Главната цел на оваа терапија е мобилизирање на сопствените исцелувачки сили во организмот преку поставување на ‘рбетниот столб, карлицата и сите зглобови во физиолошка положба.
Додатна корист е чувството на тотална релаксација и подмладување.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Боди ту баланс

     МАПА                 

Печати