Logo

Идила Терзиева

 idila terzieva logo novo

Адреса: ул. Призренска бр.50/2 Кучевичка Бара
1000 Скопје , Македонија
Тел: +389(02) 266 6113 , +389(02) 240 1712
Моб: +389(078) 306 669 , +389(078) 366 116
Е-маил: info@idilaterzieva.mk

   web    fbfb 

      ОПИС                

 Опис На Комплексот

Идила Терзиева е приватна установа за социјална заштита на стари лица, основана во 1998 година. Новиот објект е отворен во 2013 година и е лоциран на само 8 км од центарот на Скопје, во природно зелено опкружување и панорамски поглед кон градот, во кој корисниците можат да уживаат. Чистиот воздух и прекрасната градина, само ја надополнуваат оваа идила
Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите се опремени со ТВ приемник и индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач. Покрај современо опремените соби и апартмани, Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на приближно 200м2, вклучувајќи: комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка чајна кујна и камин, и дополнителни заеднички простории за разни друштвени игри.

Нашиот комплекс е дизајниран имајќи ги Вашите потреби на ум.

Прекрасниo објект во класичен стил се наподолнети со 5000м2 хортикултурно уреден двор. Овој простор е распределен на паркинг простор, градина со фонтана, клупи, цвеќе и зеленило, просторно шеталиште, овоштарник и друг објект каде што се сместени канцелариските простори.

Сето ова го прави Идила Терзиева, еден посебен комплекс со иноватовен дух, и предиспозиции за совршен сместувачки капацитет за лица во златната доба.

Професионален Тим

За удобноста на престојот на нашите корисници и штитеници, како и за нивната среќа и благосостојба, се грижи професионален тим кој пружи 24 часовна професионална нега. Нивната љубезнoст, енергија, комуникативност се доплнителните спосбности кои ги покажуиваат за нивното работно време. Професионалниот тим го сочинуваат:

• Социјален работник
• Психолог
• Физиотерапевти
• Медицински сестри
• Негуватели
• Готвачи
• Хигиеничари
• Домар
• Перална
Доплнително овој тим го надополнуваат и лица со кои што професионално соработуваме:
• Доктор (по општа медицина/семеен доктор)
• Интернист
• Невролог
• Фризер
• Педикир
Идила-Терзиева располага и со служба за транспорт на своите корисници и исто така работи на повик од надворешни корисници.

Мисија И Визија

Мисијата на Идила Терзиева е да служи до совршенство на своите корисници, исполнувајќи ги нивните животи со чувство на добросостојба, пријателство, среќа и сигурност.
Визијата на Идила Терзиева е да биде дом на среќни и исполнети корисници и вработени, кои заедно, како едно големо семејство, ќе ја наоѓаат смислата и радоста на секој нов ден.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Идила Терзиева

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk