log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Технобен Нова

 tehnobennova

Aдреса: Александар Македонски бб,Прилеп
Teлефон:+389 48 428-326
+389 48 428 326
Мобилен:075/302-870
Email:tehnoben@gmail.com

   web    fbfb 

      ОПИС                

ТЕХНОБЕН НОВА ДОО Прилеп е приватно претприjатие основано во 1999 год. како мала машинобраварска работилница со мини технологија и неколку вработени. Во текот на своето работење развивајќи се и прилагодувајќи се на современите трендови и побарувачката на пазарот прераснува во едно од водечките претпријатија во Р.Македонија за производство на индустриски парни и топловодни котли, котли за домаќинство, садови под притисок, резервоари за течно гориво, данца, силоси, греење, климатизација и сл.

Во моментов во нашата фирма имаме 28 работници, од кои 4 машински инжинери, 1 машински техничар и 23 работници од кои 10 атестирани заварувачи кои имаат TUV сертификати за заварување.

Технобен Нова ДОО има остварено голем број на референци во Р.Македонија и надвор од неа. Горди сме на нашето досегашно работење и остварените цели и се надеваме дека со заеднички напори и меѓусебна соработка ќе ги задоволиме вашите желби и потреби.

Производство на:
- Индустриски топловодни и парни котли на цврсто и течно гориво
- Процесна опрема за котларници и за други технолошки процеси
- Котли за домаќинство
- Хоризонтални еднооплаштени и дуплооплаштени резервоари со волумен до 100m³
- Вертикални резервоари со волумен до 2000m³
- Овални резервоари со волумен до 3m³
- Силоси за складирање на разни флуиди или прашкасти материи
- Садови за складирање на медиуми со поголеми притисоци
- Индустриски сушари, циклони, челични оџаци, челични конструкции и сл.
- Данца

Покрај редовниот производствен програм Технобен Нова ДОО на своите клиенти им нуди и останати услуги,
како што се:

- Монтажа, ремонт и сервисирање на сите видови котли
- Виткање на цевки и профили
- Заварување - TIG, REL, EPP...
- Виткање на лимови
- Сечење на лимови
- Услуги со автодигалка KATO BERGER NK-300 со носивост до 30t.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Технобен Нова

     МАПА                 

Печати