![]() |
Адреса: ул.Солунски Атентатори Гемиџии бр.100/2, Тетово Работно време: |
Компанијата ФИ-БАУ се занимава со градежништво (изведба на објекти по принципот „Клуч на рака“) и со изведување на други градежни работи. ФИ-БАУ е единствен производител во Македонија на дистанцери кои се користат при изведба на бетонски елементи, ѕидови носачи и разни бетонски конзоли.
Третата дејност на компанијата е трговија со градежни материјали, санитарии, железарија, електроматеријали...
ФИ-БАУ е претставник на италијанска компанија која на македонскиот пазар нуди елементи што се користат во градежништвото (винкли, сврзувачи за оплата, кајли,...). ФИ-БАУ е основана во 1995 година од браќата, Фејзо и Ибраим, од чии имиња произлезе и името на компанијата, заедно со германскиот збор bau, што значи градба. Фирмата е лоцирана во селото Палатица, оддалечена два километри од автопатот Тетово – Скопје, покрај реката Вардар, на површина од 5000 м2 .
Станува збор за семејно претпријатие кое постепено ја зголемува пазарната активност, бројот на ангажираните работници, машинскиот и возниот парк, како и обемот на превземените и изградените објекти. Постојаното инсистирање на развојот придонесе и за перманентно зголемување на ефикасноста и квалитетот во работењето на компанијата. На македонскиот пазар ФИ-БАУ е единствен производители на неколку елементи од градежната опрема, таканаречените дистанцери, кои преку сопствена дилерска мрежа, ги продава и во Албанија, Бугарија и Косово.
Денес ФИ-БАУ е реномирано и веќе познато на пазарот друштво за градежништво, кое има осум постојани вработени, Во 2010 година компанијата пушти во употреба нов погон, со капацитет од 15.000 парчиња дистенцери на ден.