![]() |
Адреса: 5-та Партиска конференција бр.9/8, Штип, Македонија |
ИСКОП е градежна компанија која главно е ангажирана во изведување на примарни градежни активности
- Ископ на сите видови градежно земјиште и транспорт на извадениот материјал
- Превоз на готов бетон со камиони миксери
- Вградување на готов бетон со пумпи
- Транспорт на градежни материјали
ИСКОП дооел е градежна компанија која главно е ангажирана во изведување на примарни градежни активности. Фирмата е формирана во 2004 година и веќе располага со значаен обем на градежна механизација и камиони кипери, што и овозможува да изведува и поголеми објекти.
Основната дејност на ИСКОП дооел е ископ на сите видови градежно земјиште и транспорт на извадениот материјал до одредена дестинација, за да се исчисти теренот и за да се подготви за отпочнување на градежните активности, односно за градење на станбени објекти, административно деловни и индустриски објекти. Особено сме екипирани за изведување на проекти во нискоградбата, како што се патишта или изградба на водоводни и канализациони системи.
УСЛУГИ - ИСКОП дооел располага и со специјални возила миксери за превоз на готов бетон, како и со пумпи за вградување на бетонот, со што на клиентите можеме да им дадеме целосна услуга. Дел од пакетот услуги што ИСКОП им го дава на клиентите е и транспорт на градежните материјали.
Со нас и најтешките работи брзо се реализираат!