Logo

ТЕРРАПЛАН ПАРТНЕРС

terraplan logo2

Адреса ул.Прашка 19/7
1000 Скопје Македонја
Тел +389(02) 3077 381
Моб +389(076) 427 734

Е-маил : terraplan.sk@gmail.com
             : terraplan.pr@gmail.com

    web     fbfb

      ОПИС                

Терраплан-Партнерс“ е мултидисциплинарна архитектонска компанија со разновиден спектар на професии , вклучувајќи архитекти, градежни инженери, машински инженери, електро инженери , внатрешни дизајнери, проектни менаџери, економисти и други физички и правни лица од различен професионален калибар кои се појавуваат како надворешни соработници. . Комплетна посветеност,амбициозност и флексибилност при извршувањето на работните задачи, креативност и упорност во донесувањето и избирањето на соодветни проектантски и дизајн-решенија на кои им претходи истражувачки процес , развивање на концептот од почетни скици , преку идејни решенија до основен проект и реализација на идејата.
Барањата на клиентите се неисцрпен предизвик за тимот на „Террапплан-партнерс“ чиј стремеж е потрага по обострано корисна позиција каде може да се понуди максимумот од знаења и вештини од областа на архитектурата и сите сфери каде истата е застапена со максимално исполнување на визиите на клиентите.
Тимот на „Терраплан-партнерс“ има не само локална, туку и општествена визија и преку својата продукција на објекти се обидува да влијае позитивно на придонесот кон креирање на социјална одржливост и целокупната архитектонско-урбанистичка слика на регионот.
Архитектонско-градежната фирма “TERRAPLAN“ е основана во 1990 година. Како партнер од Швајцарската фирма “TERRAPLAN“ во Базел, фирмата почна да работи во областа на архитеконското проектирање во Бугарија и Албанија, стручен надзор и проектен менаџмент.
Дооел “TERRAPLAN&PARTNERS “ има на располагање професионален кадар за реализација на сите видови активности во градежништвото, од самиот почеток па се до финализација на работите.
За успешно реализирање на сите потребни фази од проектите (статика, машински и електрични инсталации, водовод и канализација итн.) се анагажира тим на експерти-постојани надворешни соработници на фирмата. Референтната листа на “TERRAPLAN&PARTNERS “ содржи широк спектар на објекти проектирани и изведени во и надвор од Македонија.
Сите овие проекти имаат заеднички барања: стручност, прецизно утврдени рокови и динамика, строго дефинирани прописи,одговорност,ефективност и ефикасност.
На тој начин постигнуваме трајна доверба и долгорочна соработка со нашите клиенти: со исполнување на дефинираните правила и прописи, барања и со постојано следење на новитетите во технологијата за дизајн и градба на светско ниво.

    ГАЛЕРИЈА           

 

ТЕРРАПЛАН ПАРТНЕРС

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk