log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ВОЛТИНГ

 voltinglogo

Адреса: Теодосиј Гологанов бр.34a, Скопје, Македонија
Мобилен: +389 70 230 044
               +389 71 326 044
Е-маил: voltingmk@yahoo.com / info@volting.com

web   fbfb

      ОПИС                

ВОЛТИНГ е современа компанија основана во 2005 годинa. Од основањето до денес, успешно работи на домашниот и интернационалниот пазар. Започнавме како мала компанија со големи идеи и за кратко време успеа да најде начин како на пазарот да ги понуди своите извонредни технички решенија, употребувајќи притоа најквалитетни и најсовремени материјали и производи од реномирани компании, набавени од сопствен увоз или од локални партнери.Компанијата ВОЛТИНГ преку својата професионалност нуди листа на услуги и производи од повеќе области на електротехниката. Основна дејност ни е давање комплетна услуга за секој клиент, преку проектирање и изведба наелектрични инсталации за јака и слаба струја, со комплетен инженеринг,  како и нивно одржување.
ВОЛТИНГ континуирано се развива, зголемувајќи го бројот на задоволни клиенти и вработени, успешно спроведувајќи ја креативната фантазија на архитектите и префинетите желби и идеи на инвеститорите. Строгите барања за квалитет на пазарот ни се постојан поттик за креативност и висок степен на квалитет во работењето, усогласени со законските прописи за изведба. Компанијата располага со добро обучен и квалификуван кадар, извршители со највисок степен на стручност и одговорност во работењето. Поседуваме технички опремени возила со најсовремени алати и инструменти, како и опрема за работа во теренски услови. Основното начело врз кое се темели работењето на ВОЛТИНГ е почитување на клиентите на највисоко ниво. Нашата мисија е навремено реализирање на сите проекти, со квалитетно, практично и современо техничко решение, изработено со разумен буџетски концепт. Препораките што секојдневно ги добиваме од деловните партнери зборуваат за високото ниво на нашиот квалитет и професионалност.
Основна дејност:
Компанијата ВОЛТИНГ се занимава со:
•    Проектирање и изведба на електрични инсталации
•    Шемирање на разводни ормари и автоматика
•    Продажба и монтажа на агрегати
•    Продажба и монтажа на UPS уреди
•    Изработка на Smart House системи
•    Продажба и монтажа на Домофонија, Аларми и системи за видео надзор
•    Изработка на ПП системи
•    Продажба и монтажа на телефонски централи


ВОЛТИНГ е овластен увозник на раностартувачки громобрани SKYLANCE, од францускиот производител SERELI

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

ВОЛТИНГ

     МАПА                 

Печати