![]() |
Адреса: Андон Слабејкоски,Прилеп |
Почетоците на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датираат од 1993 година, кога компанијата работеше како мала машинска работилница. Во почетокот основна дејност ни беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Со текот на годините нашата инженерско–занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија.
Денес ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е компанија со околу 30 вработени, со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените, проширување на асортиманот на услугите и производите, освојување на нови сегменти од пазарот и усовршување на менаџерскиот тим. Главна дејност на фирмата е изработка на резервни делови за индустријата и изработка на алати за леење пластика, бризгање пластика, како и алати за пробивање, виткање и просекување на лимови. Производната програма ја следат и современи машини (ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица) кои овозможуваат квалитетно производство со високо прецизни конструктивни карактеристики. ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени ЦАД-ЦАМ софтвери (MASTERCAM X7), така што изработката на делот или алатот можеме да ја изведеме од идеја до реализација.
УСЛУГИ во Орион Инженеринг:
-Стругање, ЦНЦ стругање
-Глодање, ЦНЦ глодање
-Електроерозија со електрода, ЦНЦ електроерозија со жица
-Брусење
-Гравирање
-Штанцање
-Термичка обработка
-Машинска обработка на мали и средни серии
-Машино-браварски услуги
-Замена на клипни вретена на хидаулични клипови
-Останати услуги како ремонт на пумпи,редуктори,хидраулични клипови и сл.
ПРОИЗВОДСТВО во Орион Инженеринг:
-Осовини,ракавци и вратила
-Цилиндрични запчаници со прави и хеликоидни заби,назабени вратила
-Ланчаници
-Нутови и осовини и полуосовини со нутови
-Клинести и запчести ременици
-Полжавни парови
-Изработка на машински конструскции по порачка
-Елеватори со помали димензии (Ф110х6000 мм)
-Громобрани
-Изработка и монтажа на прохромска ограда
-Сопствено производство на браварски ментешиња
-Сопствено производство на земјоделска опрема како : трокрилни и четвотокрилни брани,
ралници(емеши), клинови за брани, штици, оплати како и резервни делови за агарагната дејност (комбајнски делови, делови за преси).