log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Нур Транс

nurtans

Адреса: Ул.Село Стримница,1226 Желино,Тетово
Телефон:+389 044/379-780
Мобилен:+389 071/787-148
Email:nurtrans@hotmail.com

      fbfb 

      ОПИС                

На овој начин компанијата може да одговори и на најкомплицираните барања на клиентите, со врвен квалитет и во најкратки рокови. Воедно, фирмата располага и со значаен капацитет, како во производството, така и во транспортот и во трансмисијата на бетонот, што и дава можност да одговори на барањата на клиентите и при изградба на градежни објекти со поголем обем.
За да може непречено да им излезе во пресрет на инвеститорите НУР-ТРАНС, покрај тоа што располата со сопствена линија за производство на бетон со врвен квалитет и значаен капаците, располага и со три багери, пет миксер камиони MAN со капацитет од 6 до 10 метри кубни, потоа со две пумпи за бетон, со кои целосно се заокружува услугата што му се дава на клиентот при бетонирањето. За непречено производство НУР-ТРАНС има и сопствен шлепер и цистерна за цемент.
Компанијата НУР-ТРАНС е претпријатие во приватна сопственост, формирано во март 1997 година. На почетокот основна дејност му беше трговија и транспорт на песок, а од 2002 година почна и со продажба на градежни машини увезени од Германија. Со производство и транспорт на готов бетон НУР-ТРАНС почна да се занимава од 2003 година, а денес во овој сегмент се ангажирани речиси сите капацитети на компанијата.

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ
Компанијата НУР-ТРАНС & БЕТОН се занимава со:
- Производство на готов бетон и елементи од бетон
- Продажба на градежни машини
- Mожност за директна набавка на половни машини, кипери, багери, бетонски пумпи, бетономешалки, како и други градежни машини, по најповолни цени
На клиентите им обезбедуваме целосна непрекината поддршка што дава дополнителна сигурност и гаранција за квалитетот и прецизноста на нашите услуги
Официјален дистрибутер на турските компании:
-BETONSTAR - Сервис и делови за бетонски пумпи
-MRM CONCRET BATCHING PLANTS - Продажба на нови бетонски бази
-LIYA TEST LABORATORY - Опрема за испитување на градежни материјали: цемент, песок, асфалт, земја
-ZIM CONCRET PAVER AND BLOCK MACHINES - Машини за производство на бетонски елементи.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Нур Транс

     МАПА                 

Печати