log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ЈЗУ Здравствен Дом Куманово

zdravstven dom ku logo

Адреса: Борис Кидрич бр.11, Куманово, Македонија
Телефон: +389 31 422 484
+389 31 422 488
Факс: +389 31 420 334
Мобилен: +389 70 275 089
email: zdravstvendomkumanovo@yahoo.com
web: http://www.zdravstvendomkumanovo.com/

Работно време:
Пон - Пет од 07:00 до 15:00

      ОПИС                

ЈЗУ Здравствен дом “Куманово” опслужува и дава услуги на подрачје на општина Куманово со 107745 жители, подрачје на општина Липково со 29346 жители и подрачје на општина Старо Нагоричане со 4268 жители.

Здравствениот дом обезбедува Итна медицинска помош со домашно лекување, Итна стоматолошка помош, Превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца, Поливалентна патронажа, Стоматолошка заштита на деца до 14 годишна возраст и рентген дијагностика, Примарна здравствена заштита во рурални средини проект Рурален доктор со кој се опфатени 19 села и Обезбедување со лекови.

Здравствениот дом спроведува специјалистичко консултативна здравствена заштита од
областа на Медицина на труд и Биохемиско лабораториска дејност.Здравствениот дом врши примарна здравствена заштита за протребите на осудените и притворените лица сместени во казнено-поправната уставнова Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка и с.Кшање Куманово.

Службата за Итна медицинска помош со екипираност од тимови (доктор, медицинска сестра и возач) и санитетски возила со комплетна медицинска опрема, возило за пренос
на пациенти, патничко лежечко возило, лесни возила и теренски возила навремено и квалитетно пружа 24 часовна медицинска помош за итните интервенции на целиот ртегион што го опфаќа Здравствениот дом. Во состав на службата е и домашно лекување каде се пружа медицинска помош на пациенти во домашни услови и дежурна служба. Здравствениот дом располага со лесни и теренски возила кои се користат за потребите на сите служби.

Службата за Итна стоматолошка помош ги врши стоматолошките услуги кои се со итен карактер. Во превентивната стоматологија се вршат и систематски прегледи на заби кај деца од основни и средни училишта, кај деца со посебни потреби и студенти од приватниот факултет во Куманово. Во рамките на Националната стратегија за зачувување на оралното здравје кај деца до 14 години се врши залевање на фисури кај трајни заби. Во рамки на службата за стоматолошка здравствена заштита е и рентген дијагностика.

Превентивната здравствена заштита на предучилишни и училишни деца се одвива во амбуланта, на терен во училишта, Детски диспанзер и Школски диспанзер. Според Календарот на имунизација даден од Министерството за здравство се врши редовна вакцинација на предучилишни и училишни деца како и редовни систематски прегледи на истите и систематски прегледи на деца со инвалидитет. Стручна и квалитетна превентивна здравствена заштита на мајки и деца во РМ и програми и проекти на Министерство за здравство како Програма за рана детекција на малигни заболувања во РМ, Програма за задолжителна имунизација на население на РМ, Здравје за сите, Домашна визита и др.

Специјалистичко консултативна здравствена заштита се спроведува од областа на Медицина на труд и Биохемиско лабораториска дејност. Од областа на Медицина на труд се вршат специјалистичко консултативни прегледи во Мој термин, Доплер на горни екстремитети, Доплер на долни екстремитети, Спирометрија и други прегледи. Се вршат прегледи за изготвување на Лекарски уверенија и претходни, периодични систематски прегледи и насочени прегледи за оценка на здравствената состојба и работната способност на работниците. Лабораториската дејност се врши во Здравствениот дом а од неодамна и во адаптиран простор опремен со нова опрема и апаратура во Школски диспанзер. Во двете лаборатории се работат сите хематолошко-биохемиски анализи од основниот пакет и специјалистичкиот пакет како и имунолошки тестови, алергии, хормони тиреоидни и репродуктивни, крвни групи, ОГТТ-тест, НбА1С, тумор маркери (СЕА, Са19.9, Са15.3, Са125).

Медицинскиот персонал посетува семинари, работилници, едукации во земјата и странство со цел надополнување на нивните знаења и пружање на квалитетни услуги на корисниците.

Дипломиран економист Адријан Афузи е роден на 31.12.1973 година во Куманово каде го завршува и основното училиште. Средно училиште завршува во Прешево а понатамошното образование го продолжува во Тетово каде завршува Економски факултет на Државниот Универзитет Тетово. Во 2007 година се вработува во ЈП “Чистота и зеленило” Куманово, а од 2013 до 2017 година е помошник директор во истото јавно претпријатие. Во 2017 година од Министерот за здравство е назначен за Директор ЈЗУ Здравствен дом “Куманово”

    ГАЛЕРИЈА           

 

ЈЗУ Здравствен Дом Куманово

     МАПА                 

Печати