log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ЕMC Аце-Автоклима (Webasto)

avtoklimaace logo

Адреса: бул.Трета Македоснка Бригада бб(реон 72), Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 2400 400
Mобилен: +389 75 338 824
Е-маил: a.c.e.climac@t.mk / akdd@t.mk / contact@autoklima.mk

web   fbfb

Работно време:
Пон - Пет од 09:00 до 16:30
Саб од 09:00 до 14:00

      ОПИС                

За нас
Нашата компанија

МЕХАНИЧАРСКИОТ СЕРВИС А.Ц.Е. го основавме 13.04.1987 година.Во 1993 започнавме да работиме и со набавка, сервис и монтажа на клима уреди за автомобили. Клима уредите се од познатата италијанска фирма DIAVIA. Нашиот сервис А.Ц.Е. како авторизиран сервисер и дистрибутер со стекнати сертификати за работа е еден од најголемите потрошувачи на клима уреди на Балканот на италијанската фирма DIAVIA. Во август 2012 година склучивме договор со германската фирма WEBASTO за авторизиран сервис и дистрибуција на WEBASTO за македонскиот пазар. Договорот со WEBASTO ни овозможува набавка, монтажа и сервисирање на грејните тела од истата програма.

Ладилници

Вршиме изработка на возила за пренос на секаков вид на храна. Температурниот работен опсег на возилата е диктиран од страна на тоа какви видови на продукти т.е. храна се носи, од 4 °C до -20 °C. Ладилниот систем е од Италјанската фирма Webasto Diavia која е една од водечките на пазарот за климатизација во автомобилите и товарните возила. Возилата се атестирани.

Амбулантски возила

Вршиме изработка на амбулантски возила со набавка на целосна опрема. Изработката на комбињата е атестирана.

Патнички возила

Вршиме изработка на патнички возила. Изработката на комбињата е атестирана.

Надградба на шасиja

Вршиме изработка на фургони за пренос на продукти кои подлежат на HACCP. Температурниот работен опсег на возилата е диктиран од страна на тоа какви видови на продукти се носат, од   4 °C до -20 °C. Системот за ладење е од италјанската фирма Webasto Diavia која е една од водечките на пазарот за климатизација во автомобилите и товарните возила. Возилата се атестирани.

Специајлни возила по нарачка

Пренамена на возила за секоја потреба. Изработка по договор.

Погребални возила

Вршиме изработка на погребални возила. Возилата може да се изработат зо различни видови на лафети. Алуминиумски или пак челичен лафет. Исто така може да се постави и гумиран слој на лафетот. Ѕидовите се направени од полиестер. Лафетот може да биде погонуван рачно или пак со електромотор, во зависност од тоа каков вие би сакале да биде. Поставување на вентилација во задниот простор на возилото. Изработката на возилата е атестирана.

Изработка на приколки со систем за ладење

Вршиме изработка на приколки со систем за ладење. Системот за ладење е од италијанската реномирана фирма Webasto Diavia која е една од водечките фирми за ладилни системи во автомобилите и товарните возила. Приколките се атестирани.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

ЕMC Аце-Автоклима (Webasto)

     МАПА                 

Печати