log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Лами Груп

lami grup logo

Адреса: Ул.Илинденска бб, Гостивар, Македонија
Телефон: +389 42 215 279
Мобилен: +389 70 345 856
web: http://www.lamigroup.mk/
fb: https://www.facebook.com/LamiGroup/
instagram: https://www.instagram.com/lamigroup/

      ОПИС                

Нашата компанија е здружение на компании, која ги сумира производите од мермер, гранит, варовник и песочник, но неодамна ја има проширено својата дејност и во секторот за мебел.

Мебел со висок квалитет, дизајн и неспоредлива удобност ви нуди само Лами Груп. Мебел увезен од Италија и од познати производители, како што се Франкофери, Максдивани и Натузи. Квалитетот, професионализмот и повеќегодишната традиција на нашите соработници се причините кои нè убедија да бидеме нивни дистрибутери за Македонија. За вас донесовме италјански стил и квалитет, создаден од најпознатите мајстори, само од една причина: истовремено да ви нудиме стил и удобност.

Ние сме горди на нашата компанија бидејќи е семеен бизнис основан во 1993 година, и продолжува да постои и денес. Седиштето на компанијата, која се наоѓа во Македонија, се занимава со производство и преработка на мермер и гранит. Нашите клиенти имаат голема можност за избор за нивните домови, згради и разни објекти, бидејќи ние се трудиме да ви го нудиме најдоброто, за да го задоволиме вкусот на потрошувачите и секогаш да бидеме референца.

Нашиот бизнис од Македонија се расшири во Албанија и Косово, во пазари кои прават преработка на материјали, и истите ги носиме во Македонија како финални производи за потрошувачите. За ова линија на производство и преработка на мермер се грижи голем тим на вработени, со цел да ви овозможи финални производи во различни форми со висок квалитет.

Ние се грижиме нашите соработници секогаш да бидат во потрага за постојана соработка, и сите клиенти да бидат задоволни со нашите производи, имено, мермер, гранит и мебел. Производите кои ние ги произведуваме и преработуваме се одржливи, квалитетни, убави и долготрајни. Ние се “бориме” да ја преобразиме нашата работа во доверба и услуга кон клиентите, со цел соработката да биде што подолга.

МИСИЈА
Да сме причина за вашата удобност дома. Да и дадеме стил на амбиентот каде живеете, и истовремено да ги задоволиме вашите барања со персонификација со уникатни стилови за секого од вас.

ВИЗИЈА
Да бидеме идентитет на секој дом. Нашиот бренд да биде белег кој го идентификува стилот на вашиот дом, почнувајќи од производите од камен до мебел. Ние сме, и секогаш ќе бидеме, водечка компанија во земјата која истовремено ви нуди: квалитет и стил!

    ГАЛЕРИЈА           

 

Лами Груп

     МАПА                 

Печати