log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

СОЗШУ “Ѓорче Петров” – Кавадарци

gorce petrov kavadarci
 

Адреса:Шишка бр.23,Кавадарци
Телефон:+389 43 412-180
              +389 43/412-910
Е-маил:
zsuckavadarci@t.mk
    fbfb

      ОПИС                


Средното училиште "Ѓорче Петров" се наоѓа во Кавадарци, општина - Кавадарци.
СОЗШУ “Ѓорче Петров” – Средно општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци е основано во 1945-46 година кога е формирана една шумарска паралелка во рамките на Дрвното Техничко училиште “Здравко Цветковски” од Скопје. Во 1956 година шумарската насока се префрлува во Кавадарци каде се формира средното земјоделско-шумарско училиште со две насоки – општа шумарска (две паралелки) и лозаро-винарска (една паралелка). Од 1965 до 1984 година училиштето се поделува и се оформуваат две училишта, шумарски училишен центар и лозаро-винарски училишен центар, кои во учебната 1983-84 година повторно се интегрираат.

Од работата на училишниот центар од 1965 година добиени се и оформени следните производни објекти за обавување на практична настава: Декоративен расадник; Оранжерија; Ботаничка градина; Работилница; Ниско стеблеста шума – “Љубаш”; Наставно-научна шума – “Михајлово”; Полигон за обука на шумарски работници, а по интеграцијата во учебната 1983-84 година изградена е нова зграда на училишниот центар од 2000 м2, работилница за дрво-преработувачка струка, машинаска работилница, обновени се оранжериите, преуреден е училишниот двор, асвалтирани се спортските игралишта, патеките и училишниот двор и започната е изградбата на објектот за теренска настава во месноста “Михајлово”.

Од 1992 година училиштето го носи називот СОЗШУЦ “Ѓорче Петров”. Училиштето како воспитно-образовна и стручна установа континуирано постигнува забележителни резултати во образованието, воспитанието и стручното оспособување на кадрите. Училиштето го посетуваат 716 ученика расподелени во 24 паралелки во четири наставни години, а во него работат 50 наставници, и се школуваат кадри од 4-ти и 5-ти степен стручна подготовка. Училиштето поседува и библиотека со книжен фонд од над 13 000 книги. Во училиштето се школуваат ученици од сите краишта на државата.
Во месец мај 2010 година на „Државната смотра на млади техничари“ одржана во Гостивар, во приватното средно училиште Јахја Кемал ученикот Попов Митко од III-3 клас, освои трета награда на Државно ниво, во дисциплината Информатика - примена на софтвер. Ментор на ученикот професорот по информатика Тодоров Ѓоко.

    ГАЛЕРИЈА           

 

СОЗШУ “Ѓорче Петров” – Кавадарци

     МАПА                 

Печати